Граматика - категорија

навод повеќе

мн. наводи
Вид збор: Именка, машки род
Првиот дел од наводниците по кој следува цитатот, наведените зборови.
Англиски: quotation marks Албански: thonjëza hyrëse

наводници повеќе

наводниците
Вид збор: Именка, множина
Правописен знак од две двојни запирки („... “) меѓу кои се наведуваат цитати, наслови и сл.
Англиски: quotation marks Албански: thonjëza

нагласи повеќе

нагласат
Вид збор: Глагол, свршен
Изговори слог под акцент.
Англиски: accentuate Албански: theksoj

намерен повеќе

намерниот
Вид збор: Придавка
Намерна реченица - што се однесува, што укажува на намерата.

начин повеќе

мн. начини
Вид збор: Именка, машки род
Кај глаголите - однос на содржината на искажаното дејство кон стварноста.
Англиски: mode Албански: mënyrë

негација повеќе

мн. негации
Вид збор: Именка, женски род
Зборот за негирање - не.
Албански: negacion, jo

неменлив повеќе

неменливи
Вид збор: Придавка
Збор што не се менува, што има само една форма.
Англиски: invariable

неопределен повеќе

непределени
Вид збор: Придавка
Кај именските зборови: неопределена форма - форма без членска наставка; човек, нова облека, моја книга итн.

непреоден повеќе

непреодниот
Вид збор: Придавка
Глагол што означува дејство кое не излегува надвор од вршителот и не преминува на предмет:
Англиски: intransitive

несвршен повеќе

несвршениот
Вид збор: Придавка
За глагол, глаголско време - што означува дејство во одвивање, незавршено дејство.
Англиски: imperfect

нечленуван повеќе

нечленуваниот
Вид збор: Придавка
Збор без членска наставка, неопределена форма, на пример: човек, добар човек, ваков леб итн.

номинатив повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Основна форма на именските зборови во јазиците што имаат падежна промена (деклинација); први падеж.
Англиски: nominative
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ф - х - ц - ч - ш