Дипломатија - категорија

кабинет повеќе

мн. кабинети
Вид збор: Именка, машки род
Министерски совет.
Англиски: cabinet. Албански: kabinet

канцелар повеќе

мн. канцелари
Вид збор: Именка, машки род
Највисок дворски чиновник, личен секретар на кралот.
Англиски: chancellor Германски: Kanzler Албански: kancelar
Во некои европски држави претседател на влада или еден од главните министри, парламентарни или дворски функционери.
Англиски: chancellor Германски: Kanzler Албански: kancelar, kryeministër

коалиција повеќе

мн. коалиции
Вид збор: Именка, женски род
Воен или политички сојуз меѓу две или повеќе држави против една или повеќе други држави.
Англиски: coalition Албански: koalicion

коегзистенција повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Во политиката - истовремено и напоредно поcтоење во мир на држави со различно општествено-економско и политичко уредување, cо различни идеолошки и религиозни ориентации.
Англиски: coexistence Албански: koegzistencë

колонизација повеќе

колонизацијата
Вид збор: Именка, женски род
Насилно претворање на туѓа земја во колонија.
Англиски: colonization Албански: kolonizim

колонија повеќе

мн. колонии
Вид збор: Именка, женски род
Земја без државен суверенитет, со посебно регулиран статус на потчинета земја под власт на некоја држава.
Англиски: colony Албански: koloni

колонијализам повеќе

колонијализмот
Вид збор: Именка, машки род
Систем, политика што се стреми кон освојување туѓи земји и нивно претворање во колонии.
Англиски: colonialism

коминике повеќе

мн. коминикеа
Вид збор: Именка, среден род
службено соопштение, официјален извештај
Англиски: communiqué

конвенција повеќе

мн. конвенции
Вид збор: Именка, женски род
Меѓународна спогодба за некои важни прашања од правна, економска, политичка природа.
Англиски: convention Албански: konventë

кондоминиум повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Заедничко владеење на две или повеќе држави со некоја земја, територија или град.
Албански: kondominium

конзул повеќе

мн. конзули
Вид збор: Именка, машки род
Дипломатски претставник на една земја во друга што ги штити интересите на својата земја и на нејзините државјани пред месните власти во другата земја.
Англиски: consul

конзуларен повеќе

конзуларниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на конзулска служба.
Англиски: consular

конзулат повеќе

мн. конзулати
Вид збор: Именка, машки род
Дипломатско претставништво на една држава во странство на чело со конзул.
Англиски: consulate Албански: konsullatë
Зграда, седиште на претставништвото.
Англиски: consulate Албански: konsullatë

конзулство повеќе

мн. конзулства
Вид збор: Именка, среден род
конзулат
Англиски: consulate

конфедеративен повеќе

конфедеративниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на конфедерација.
Англиски: confederate

конфедерација повеќе

мн. конфедерации
Вид збор: Именка, женски род
Сојуз, заедница на повеќе суверени држави на која се пренесуваат дел од државните функции.
Англиски: confederation Албански: konfederatë

конфедерира повеќе

конфедерираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Стапува во конфедерација.
Англиски: confederate

конфликт повеќе

мн. конфликти
Вид збор: Именка, машки род
Судир во меѓународните односи.
Англиски: conflict Албански: konflikt

коридор повеќе

мн. коридори
Вид збор: Именка, машки род
Простор за преминување по сувоземен, воден или воздушен пат што е договорен меѓу две земји.
Англиски: corridor Албански: korridor

кралство повеќе

мн. кралства
Вид збор: Именка, среден род
Држава cо монархистичко уредување на чело со крал.
Англиски: kingdom Албански: mbretëri
а - б - в - г - д - е - з - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х