Информатика - категорија

табулатор повеќе

мн. табулатори
Вид збор: Именка, машки род
Тастер за позиционирање до одредено место во текстот или графа во табела.
Англиски: tabulator

тастатура повеќе

мн. тастатури
Вид збор: Именка, женски род
Гарнитура од тастери за пишување на компјутер или машина за пишување.
Англиски: keyboard

тастер повеќе

мн. тастери
Вид збор: Именка, машки род
Направа на која се отчукува некој сигнал или знак.
Англиски: key Албански: kyç, tastierë
Копче со означен знак, бројка или буква на тастатура.
Англиски: key

Твитер повеќе

(едн.) Твитерот
Вид збор: Именка, машки род
Социјална мрежа што нуди услуги за вмрежување и микроблогирање.
Англиски: Twitter

телекомуникација повеќе

мн. телекомуникации
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Средствата и линиите за врски и соопштенија на многу големи далечини.
Англиски: telecommunications

телекомуникациски повеќе

Види и: телекомуникација (ж.)
телекомуникацискиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со телекомуникации.
Примери:
Најдобри резултати, всушност, имаат компаниите од телекомуникацискиот сектор.

телекс повеќе

мн. телекси
Вид збор: Именка, машки род
Меѓународен комуникациски систем со телепринтери.
Англиски: telex

телефакс повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Испраќање и примање документи преку телекомуникациска мрежа.
Англиски: telefax

телефонија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
телефонска комуникација
Англиски: telephony
Примери:
модерна телефонија

телефонира повеќе

телефонираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Јави, говори по телефон.
Англиски: phone

терминал повеќе

мн. терминали
Вид збор: Именка, машки род
Екран и тастатура за поврзување на корисникот со централниот компјутерски систем.
Англиски: terminal Албански: terminal

терминатор повеќе

мн. терминатори
Вид збор: Именка, машки род
Краен елемент на систем.
Англиски: terminator

тонер повеќе

мн. тонери
Вид збор: Именка, машки род
Касета со боја што се користи за печатачи.
Англиски: toner

трол повеќе

мн. тролови
Вид збор: Именка, машки род
Анонимен корисник на интернет којшто со своите коментари ги провоцира или заведува другите корисници со лажни информации.
Англиски: troll
а - б - в - г - д - е - и - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш