Историја - категорија

галија повеќе

мн. галии
Вид збор: Именка, женски род
Едреник, голем старовремски брод што плови со помош на весла и едра.
Англиски: galley

галски повеќе

мн. галскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на Галите.
Англиски: gallic

гемиџија повеќе

мн. гемиџии
Вид збор: Именка, машки род
Учесник во палењето на Отоманската банка во Солун во 1903 година.
Албански: gjemixhi

геоцентризам повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Застарено сфаќање за Земјата како центар на вселената околу кој се вртат сите небесни тела.

Герман повеќе

мн. Германи
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на древна група племиња, од кои потекнува германската група индоевропски народи.
Англиски: Teuton

Гестапо повеќе

Вид збор: Име
Име на тајната полиција во времето на владеењето на Хитлер.
Англиски: Gestapo Германски: Gestapo

гестаповец повеќе

мн. гестаповци
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на тајната полиција Гестапо во времето на владеењето на Хитлер (1933-1945).

гилотина повеќе

мн. гилотини
Вид збор: Именка, женски род
Направа за отсекување глава на осудениците на смрт.
Англиски: guillotine Француски: guillotine Албански: gijotinë

гладијатор повеќе

мн. гладијатори
Вид збор: Именка, машки род
Роб или осуденик (во Римското Царство) обучен да се бори со други како него или со диви ѕверови пред публика во голема арена.
Англиски: gladiator

Гот повеќе

мн. Готи
Вид збор: Именка, машки род
Припадник на источногермански народ.
Англиски: Goth

граѓанство повеќе

(едн.) граѓанството
Вид збор: Именка, среден род
општествен слој
Англиски: bourgeoisie Албански: qytetrim, borgjezi

грамота повеќе

мн. грамоти
Вид збор: Именка, женски род
Повелба, диплома, официјален документ.
Англиски: decree

грамофон повеќе

мн. грамофони
Вид збор: Именка, машки род
Апарат што произведува звук со помош на специјални плочи и звучници.
Англиски: gramophone

гренадир повеќе

мн. гренадири
Вид збор: Именка, машки род
Во некои војски - војник одбран според телесната развиеност и доброто здравје за извршување специјални задачи.
Англиски: grenadier

грош повеќе

мн. грошови
Вид збор: Именка, машки род
Турска ситна монета од 40 пари.
Англиски: penny Турски: kuruş Албански: grosh, monedhë
ситна пара
Англиски: coin Албански: monedhë

губернатор повеќе

мн. губернатори
Вид збор: Именка, машки род
управник на губернија
Англиски: governor

губернија повеќе

мн. губернии
Вид збор: Именка, женски род
Голема административно-територијална единица во некои земји.

гулаг повеќе

мн. гулази
Вид збор: Именка, машки род
Логор во Советскиот Сојуз каде што се држеле затворени идеолошките противници на комунизмот поради измислени злостори, саботажи или шпионажи.
Англиски: gulag
а - б - в - г - д - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш