Лингвистика - категорија

јазик повеќе

мн. јазици
Вид збор: Именка, машки род
Систем од гласовни, речнички и граматички средства и правила што им служи на луѓето за изразување на своите мисли и чувства во меѓусебното општење.
Англиски: language Албански: gjuhë
Секој таков систем, изделен од другите, како средство за општење на определена општествена заедница.
Англиски: language Албански: gjuhë
Севкупност од изразни средства и карактеристики на определена општествена група, професија, во определена епоха, литературен вид, во творештвото на определен писател и сл.
Англиски: language Албански: gjuhë
Начин на изразување и однос во изборот на изразните средства.
Англиски: language Албански: gjuhë
Систем од договорени знаци (звуци, сигнали, гестови) што пренесуваат информација.
Англиски: language Албански: gjuhë

јазичен повеќе

Види и: јазик (м.)
јазичниот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со говорниот јазик.
Англиски: linguistic

јамбичен повеќе

јамбичниот
Вид збор: Придавка
Што е напишан во метричката стапка јамб.
Англиски: iambic

јат повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Име на една старословенска буква што означувала глас близок до широко /е/, а во стандардниот современ македонски јазик има рефлекс /е/; знак е.

јер повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Назив за едниот од редуцираните вокали во старословенскиот јазик, мал ер, кој во современиот јазик преминал во е.

јери повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Назив за една старословенска буква што го означувала гласот 'грлено /и/', кој во современиот јазик се изедначил со /и/; знак
Латински: bi

јидиш повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Јазикот на источноевропските Евреи.
Англиски: Yiddish

јота повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Назив на грчката буква Ι, ι
Англиски: iota Албански: shkronjë greke, jota
Мало количество, малку.
Англиски: iota Албански: sasi e vogël

јотација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Фонетско-фонолошки асимилативен процес при кој непалаталните консонанти во допир со сонантот /ј/ преминуваат во палатални; сп. јотување.

јотира повеќе

Види и: јотува (несв.)
(се) јотираат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) јотува

јотува повеќе

(се) јотуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Преминува од непалателен во палатален консонант под дејство на сонантот /ј/.

јотување повеќе

Вид збор: Именка, среден род
јотација

јус повеќе

мн. јусови
Вид збор: Именка, машки род
Старословенски глас со носен изговор, носовка; голем јус, мал јус.
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ш