Медицина - категорија

фагоцит повеќе

мн. фагоцити
Вид збор: Именка, машки род
Ќелија што има способност да ги голта и уништува туѓите тела и бактериите во организмот.
Англиски: phagocyte

фагоцитоза повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Способност на фагоцитите да ги уништуваат бактериите и туѓите тела во организмот.
Англиски: phagocytosis

фармаколог повеќе

мн. фармаколози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по фармакологија.
Англиски: pharmacologist

фармакологија повеќе

(едн.) фармакологијата
Вид збор: Именка, женски род
Наука за дејството на лековите врз организмот.
Англиски: pharmacology

фармаколошки повеќе

фармаколошка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на фармакологија и фармаколог.
Англиски: pharmaceutical
Примери:
Фармаколошка лабораторија.

фармакопеја повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Официјално упатство за приготвување, чување и проверка на лекови; список на лекарства што треба да се наоѓаат во една аптека.
Англиски: pharmacopeia

фармацевт повеќе

мн. фармацевти
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по фармација.
Англиски: pharmacist Албански: farmacist
Студент по фармација.
Албански: farmacist

фармацевтски повеќе

фармацевтска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на фармација
Англиски: pharmaceutical

фармација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
наука за лекарствата
Англиски: pharmacology

фатен повеќе

фатени
Вид збор: Придавка
За дел од телото - што изгубил способност на движење, што е доведен во состојба на парализа, што е неподвижен, парализиран.
Англиски: paralysed

фатен повеќе

Види и: фатен (прид.)
мн. фатени
Вид збор: Именка, машки род
Тој што е фатен, парализиран.

фатеност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
одземеност, парализа
Англиски: paralysis

фацијален повеќе

фацијалниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува, што припаѓа на лицето.
Англиски: facial

феналгол повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Лек против треска, нервни пречки и главоболие.

фетус повеќе

мн. фетуси
Вид збор: Именка, машки род
Нероден плод во утробата на мајката после третиот месец од зачнувањето.
Латински: fetus Англиски: foetus

физикален повеќе

Види и: физички (прид.)
физикалниот
Вид збор: Придавка
физички
Англиски: physical

физиолог повеќе

мн. физиолози
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по физиологија.
Англиски: physiologist

физиологија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Наука што ги проучува функциите на организмот.
Англиски: physiology

физиолошки повеќе

физиолошкиот
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на физиологијата како наука.
Англиски: physiological
Кој се однесува на процесите на живиот организам.
Англиски: physiological

физиотерапевт повеќе

мн. физиотерапевти
Вид збор: Именка, машки род
Специјалист по физиотерапија.
Англиски: physiotherapist

физиотерапија повеќе

(едн.) физиотерапијата
Вид збор: Именка, женски род
Лекување со природни средства - капење, масажи, облози, светлина, раздвижување и сл.
Англиски: physiotherapy

физички повеќе

физичка
Вид збор: Придавка
Што се однесува на дејноста на мускулите на живите суштества.
Англиски: bodily Албански: trupore, fizike

фиксација повеќе

мн. фиксации
Вид збор: Именка, женски род
опсесија, фикс-идеја
Англиски: fixation Албански: fiksim
Силна емоционална врска кон мајката.
Англиски: fixation Албански: fiksim

фиксидеја повеќе

мн. фиксидеи
Вид збор: Именка, женски род
Мисла што го прогонува човека.
Англиски: obsession

фиска повеќе

мн. фиски
Вид збор: Именка, женски род
мозолка
Англиски: pimple Турски: fiske

фистула повеќе

мн. фистули
Вид збор: Именка, женски род
Отвор, дупка, гноен канал на кожата.
Англиски: fistula Албански: fistulë

фластер повеќе

мн. фластери
Вид збор: Именка, машки род
Леплива преврска, платно на едната страна нанесен вид на леплив сапун.
Англиски: band-aid Германски: Pflaster Албански: flaster, suva

флебит повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Воспаление на вените.
Латински: Flebitis Англиски: phlebitis

флебитис повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
воспаление на вените
Англиски: phlebitis
Примери:
хроничен флебитис

флегма повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Ладнокрвност, невозбудливост што се граничи со рамнодушност.
Англиски: indifference
Примери:
Со својата флегма тој запусти се.

флуорографија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
фотографија на флуоросцентни објекти
Англиски: fluorography

флуорографски повеќе

флуорографскиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на флуорографија.
Англиски: fluorographic

фобија повеќе

мн. фобии
Вид збор: Именка, женски род
Неразбирлив страв на психичка основа.
Англиски: phobia

фокус повеќе

фокусот
Вид збор: Именка, машки род
Жариште на воспалителен процес во организмот.
Англиски: focus of infection Албански: vatër

фонијатрија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Дел од медицината што се занимава со заболувања и лечење на гласните органи и говорот.
Англиски: phoniatry

фонометрија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Мерење на акустички сигнали и слухот.
Англиски: phonometry

форензика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
судска медицина
Англиски: forensics

фототерапија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Лекување со помош на светлина.
Англиски: phototherapy

фототераписки повеќе

фототераписка
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на фототерапија.

фрактура повеќе

мн. фрактури
Вид збор: Именка, женски род
Скршеница на коска.
Англиски: fracture

фрас повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Грч што настанува од страв, особено кај мали деца.
Англиски: spasm Албански: spazëm, shtangim nga frika

френгија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
сифилис
Англиски: syphilis Турски: frengi

френгуз повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Венерично заболување.
Англиски: syphilis

френгузлија повеќе

Вид збор: Придавка
сифилистичен
Англиски: syphilitic

фригиден повеќе

фригидни
Вид збор: Придавка
Сексуално ладен.
Англиски: frigid

фригидност повеќе

(едн.) фригидноста
Вид збор: Именка, женски род
Студенило, полова рамнодушност.
Англиски: frigidity

фтизиолог повеќе

мн. фтизиолози
Вид збор: Именка, машки род
Лекар специјалист за туберколоза.
Англиски: phthisiologist

фтизиологија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Проучување и лекување на туберколозата на белите дробови.
Англиски: phthisiology

фунгицид повеќе

мн. фунгициди
Вид збор: Именка, машки род
Средство за уништување габи.
Англиски: fungicide
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш