Религија - категорија

жрец повеќе

мн. жреци
Вид збор: Именка, машки род
многубожечки, пагански свештеник
Англиски: druid

жртва повеќе

мн. жртви
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што се принесува како дар на некое божество во знак на благодарност или за придобивање милост.
Англиски: sacrifice Албански: sakrificë

жртвеник повеќе

мн. жртвеници
Вид збор: Именка, машки род
Во многубожечките религии, место (обично издигнато) за принесување жртви на божеството.
Англиски: altar Албански: altar

жупник повеќе

мн. жупници
Вид збор: Именка, машки род
Католички свештеник што управува со жупа.
Англиски: parish priest

жупников повеќе

жупниковиот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа на жупник.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш