Транспорт - категорија

ландон повеќе

мн. ландони
Вид збор: Именка, машки род
Запрежна кола со четири седишта за патници и со покрив на расклопување.

лежарина повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Такса за чување стока во магацин или на стовариште.
Англиски: demurrage Албански: taksë për qëndrim malli në depo

летало повеќе

мн. летала
Вид збор: Именка, среден род
Машина, направа што служи за летање.
Англиски: flying object Албански: fluturake

лимузина повеќе

мн. лимузини
Вид збор: Именка, женски род
Луксузен елегантен патнички автомобил.
Англиски: limousine

линија повеќе

мн. линии
Вид збор: Именка, женски род
Одреден пат по кој се движат возила, сообраќајна врска.
Англиски: line Албански: linjë

локал повеќе

мн. локали
Вид збор: Именка, машки род
Превозно средство што сообраќа на кратка релација.
Англиски: short distance

локомотива повеќе

мн. локомотиви
Вид збор: Именка, женски род
Железничка машина на тркала за влечење вагони.
Англиски: locomotive
а - б - в - г - д - е - ж - з - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш