Уметност - категорија

квазибарокен повеќе

Види и: барокен (прид.)
квазибарокни
Вид збор: Придавка
Што не е вистински барок, туку направен подоцна.

кич повеќе

(едн.) кичот
Вид збор: Именка, машки род
Уметничко дело без вистинска уметничка вредност, лажна уметност, квазиуметност; со користење на стереотипи, бегање од реалноста, лажни чувства, малограѓанштина.
Англиски: kitsch Германски: Kitsch Албански: kiç

класика повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Уметнички или научни општопризнати дела што претставуваат траен придонес во уметноста или културата воопшто; такви дела во старогрчката и римската уметност и култура.
Англиски: classic Албански: klasikë

класицизам повеќе

(едн.) класицизмот
Вид збор: Именка, машки род
Правец во литературата и уметноста што се јавува во 17 и 18 век и се карактеризира со враќање кон традиционалните облици на грчко-римската уметност.
Англиски: classicism Албански: klasicizëm

класицистички повеќе

класицистичка
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што е во духот на класицизмот.
Англиски: classicistic

колаж повеќе

мн. колажи
Вид збор: Именка, машки род
Слика, композиција, уметничко дело создадено на овој начин.
Англиски: collage Албански: kolazh

конструктивизам повеќе

(едн.) конструктивизмот
Вид збор: Именка, машки род
Правец во уметностите (оcобено изразен во архитектурата), по Првата светска војна, чиишто приврзаници се стремат уметничкото обликување да го усогласат со развојот на техниката и со индустријализацијата.
Англиски: constructivism Албански: konstruktivizëm

кустос повеќе

мн. кустоси
Вид збор: Именка, машки род
Лице со академско образование што уредува и чува некаква збирка, обично во музеј.
Англиски: curator
а - б - в - г - д - е - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц