Хемија - категорија

денатурира повеќе

денатурираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Со додавање некоја супстанција лиши, лишува од природните својства некоја материја, ја направи, ја прави неупотреблива за јадење или за пиење (за човекот).
Англиски: denature

дериват повеќе

мн. деривати
Вид збор: Именка, машки род
Органско соединение што потекнува од други органски соединенија.
Англиски: derivative Албански: derivat

дестилат повеќе

мн. дестилати
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што се добива со дестилација, производ на дестилација.
Англиски: distillate

дестилација повеќе

мн. дестилации
Вид збор: Именка, женски род
Прочистување на течност со загревање до вриење и претворање во пареа, па потоа ладење и повторно претворање во течност.
Англиски: distillation

дестилационен повеќе

дестилациониот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на дестилација.

детергент повеќе

мн. детергенти
Вид збор: Именка, машки род
Хемиско средство (во вид на прашок, на течност) за чистење, миење и перење разни предмети (алишта, садови и др.).
Англиски: detergent Албански: detergjent

дијализа повеќе

мн. дијализи
Вид збор: Именка, женски род
Одвојување на слузести материи при осмозата.
Англиски: dialysis Албански: dializë

динамит повеќе

мн. динамити
Вид збор: Именка, машки род
Експлозив со големо разорно дејство составен од нитроглицерин и други додатоци.
Англиски: dynamite

диоксид повеќе

мн. диоксиди
Вид збор: Именка, машки род
Оксид на хемиски елемент.
Англиски: dioxide Албански: dioksid

дисоцијација повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Распаѓање на молекулите во поедноставни делови.
Англиски: dissociation
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ш