зеница
мн. зеници
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3486
Средишниот дел на окото што со своето ширење или стеснување ја пропушта светлината внатре и го овозможува гледањето.
Примери:
Огледалото ја крши светлината и остро ја расплиснува во неговите запалени зеници.
Слично со:
црнка (ж.)
Изрази
Чува како зеницата на окото - многу внимателно чува.