дршка

мн. дршки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6028
1. Дел од предмет што се држи со раката.
Англиски: handle Албански: dorezë, bisht
Примери:
дршката на ножот
дршки за мотики
2. Тенкиот дел од плодот, листот или цветот со кој се држат на стеблото.
Англиски: stalk Албански: bisht
Употреба: Ботаника
Примери:
Лисната дршка е средно долга.
Смукаат смокви и ги фрлаат дршките.