Австралија (име.)
И во Австралија и во Канада е олимпијада.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)
Пошарено и понеобично се облечени и привлекуваат внимание оние што дошле од преку океан, од Америка, Канада, Австралија.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
А после, ко се пушти одењето на печалба, многумина фатија усвет, заминаа во Америка и во Австралија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А тоа, времето, истата таа година, пред Божик, донесе писмо од Атанаса - од Австралија, од Перт.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Понатаму, во писмото, Атанас ги молеше мајка си, браќата и деца си Блажета да му простат што не им се кажал пред заминувањето, но тоа го сторил зашто се плашел дека ќе го попречат да замине, а тој оттаму, од Австралија, ќе можел уште повеќе да ги помага, зашто му било добро и зашто добро заработувал.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ни Австралија тогаш не ќе ќе е далеку.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Нему син му Парамон му испраќа од Австралија пепелници и секакви лекови од кои срцето се подмладува.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
„Нашите иселеници од САД, Канада и Австралија на пат кон татковината.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Го прашуваа Чанга зошто, но тој не можеше да одговори точно, па продолжуваше да им го свртува вниманието на ангорската коза, позната во Турција, Иран, Пакистан, Русија, Австралија, Америка.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Беа по ѓаволите сега... од другата страна... во Канада... и други во Австралија... со сите едра дигнати... Собираа китови...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Земете ги на пример емигрантските држави (континенти) како Америка или Австралија, Јузна Африка итн., и покрај сите обиди на владеачките олигархии и нивниот политичко- социјален инженеринг (масонерија), вие сѐ уште имате страотни општествени дисбаланси - расизам, гетоизација, национални лобија...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Но и покрај позитивните новински рецензии, тој имаше тешкотии да ја дистрибуира книгата во некои од големите книжарски ланци(таа беше целосно забранета во Австралија).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој формално сфати дека ја пие крвта на сопствената ќерка, но тоа сознание беше толку оддалечено и непотребно, како кога би знаел дека некаде во Австралија паѓа дожд.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кај нас, како емигрантско семејство, тоа сигурно ќе ги поттикнеше да реагираат силите кои беа за нашето заминување кон Америка или Австралија, како што беше редот со сите емигрантски семејства пребегнати од Албанија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Сите си одредиле дестинации, некаде да заминат, неповратно кон Австралија или Нов Зеланд, посреќните кон Америка…
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Таму, во Австралија веќе бил чичко му на Јане со семејството, па ќе им помогнел.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Се сеќавам кога почна да накуцува, а потоа замина во Порт Кембла, во Австралија.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Честеше Иван Џон Сатиноски по повод посетата на родниот крај по многу години престој во Грингила, во Австралија.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А кога дома ни идеа емигранти од родниот крај, пред неизвесниот пат кон Америка, кон Австралија или кон поблиската Турција, седнати на чардакот, како на последната станица од егзилот, Татко си имаше обичај, со нив, да ја пее тоскиската полифона песна во која се зборуваше за патот на семејството од Морето кон Езерото, за силните војни, кога се делеше семејството.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
За десетина години се иселија сите од семејството на Петрета Великанов. Двајцата синови со жените и дечињата Нов Зеланд фатија, двете ќерки со зетовите Австралија.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)