Африка име.

Африка (име.)

Во 1898-1902 год. се води долготрајна „Бурска војна” помеѓу Бурите и Англичаните во Јужна Африка, бидејќи последниве сакале да си ги прошират владенијата заради експлоатација на трансвалските златни рудници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
71. Бурите се некогашни холандиски доселеници во Јужна Африка, кои по незадоволствата од англиската управа во 1831-1835 год. се преселуваат во Трансвал и Оранж и образуваат свои републики.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред тоа седев во барот „Африка“ и забележав во аголот млад црнец во американска облека.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Овој црнец е гротескен симбол залепен за ѕидот на црвениот бар „Африка“.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Никола, се сети, раскажувај уште за Африка. Си ловел ли горило? Сум ловел.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Веруваше дека Африка е приказна, а Марија (Марија, не Јанко) ги сакаше неговите приказни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Никола, се сети, раскажувај уште за Африка и боја на шумовите на една џунгла смарагдно зелена и зелена како едни очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во светлата соба околу него пловеа непознати светови - белите богови на Алјаска, непроѕирните џунгли на Африка, златните води на Азија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога ги здогледа јарболите, помисли дека ќе ги натоварат на брод и ќе ги испратат на заточение во некои запустени места на Мала Азија или Африка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Но јас бев во Африка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- А јас бев во Африка, - реков и го помилував кучето што старецот го спушти пред мене.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
И секој ден донекаде стигнувавме: ја гледавме Америка, Азија, Африка, нилските коњи и крокодили, се качувавме далеку во северните краишта на Земјата и гледавме: бели мечки, ирваси, китови и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Целата земјина топка. Еве ја Азија, и Африка, и Европа. И сите мориња, и сите реки, и сите градови.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
И ден-денеска некои племиња во Африка закланото месо од добитокот и дивечот го држат цела година нерасипано премачкувајќи го со мед кој не им дава на бактериите да навлезат во него и да го расипат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во едно зелено катче од Изложбата, заокружено од сите страни со дрвја, се забележува една импровизирана негарска населба, слична на тие во Централна Африка: наоколу густа прашума, испресечена со реки, а на една чистинка и населба: сламени колиби со бамбусови дрвја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Говореа доаѓале од море, од Африка, од пустина, проклет да бидам, ако знаевме од каде доаѓаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во Африка некои племиња полово се развиваат во единаесеттата година, но затоа векот им е околу четириесет години.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Нѐ отсекле и од „Мала Африка".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во Грција е прв крал баварскиот потомок Ото, и се раѓа еден Леополд (под протекторат на еден Леополд ќе се создаде колонијалистичкото Интернационално африканско здружение), и се раѓа американскиот засмејувач и исмејувач Марк Твен, врсник на рускиот сатиричар Минаев, и една јармодржечка сенка ѝ ја отстапува круната на другата што се надвиснува над подјармени народи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И, додека е во тек преселното движење на холандските Бури од еден во друг дел на Јужна Африка, ларпурлартизмот ѝ готви на уметноста стапица за да ѝ ги скине врските со животот, граѓанската класа во Шведска бара укинување на племството што можеби, според правдата на развитокот, ќе подава рака да испроси трошки од „никаквечката“ трпеза.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе