Вавилон (име.)
Не го создал Бог прво еврејскиот јазик, ниту римскиот, ниту грчкиот, туку сирискиот на кој што зборувал Адам, и од Адама до потопот кога Бог ги разделил јазиците при вавилонската кула*: „Размешани беа јазиците.“
„За буквите“
од Црноризец Храбар
(1754)
Роден во Мека и Медина, исламот се прошири до Вавилонија на исток, до Алжир и Тунис на запад, па дури и до Виена на север.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се среќаваш во делови или во полна реконструкција со Вавилонската Кула, која дејствува помпезно и величествено и ве пренесува назад, во далечната историја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Гледам како иконата со Божицата, светата мајка, се топи во пламените јазици, заедно со нимфите и шеговитите сатири, како нејзиното прекрасно тело исчезнува во правот на Атлантида, Вавилон, Александрија или на некој друг безимен Град.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Поминаа уште два милениума додека Вавилон да израсне до милион жители, а наредниот милениум заврши пред Рим да го надмине тој број.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Пред татковите очи, во времето кога студираше во Цариград, се уриваше вистински Вавилон од народи, вери, обичаи.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Мене тоа ми се случи во почетокот на летото на 1993 година во провансалскиот град Арл во Франција каде што престојувував во еден мал преведувачки Вавилон, во еден мал дворец, заробен од вековната тишина.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И кога виде Писмородецот, крај мене застанат, дека во буквата сум гледал, се вцрви и тој (Боже, дали и нему таа буква на блудна девојка му личеше, на блудница Вавилонска што те довикува меѓу нозете свои?), светна со окото мрежесто, па зеде и со својот калем ја покри убавината соблазнителна со мастило црно, невидлива ја направи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Немаше граница, во таа тивка балканска ноќ, во овој среќен дел на балканскиот Вавилон...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
При градењето на Вавилонската кула, Господ бил тој што ја одредил и мерката и казната. Ги измешал јазиците на луѓето.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Овој отомански дел на Балканот му се чинеше како клет Вавилон во кој луѓето не само што го загубиле заедничкиот јазик туку останале и без кодовите на меѓусебното разбирање, кодовите на генерациските поврзувања и разделувања, поради промената на Бога, поради преселбите, идеологиите, фрактурите...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Со куќата-во-себе и низ нејзините врати ќе излегуваш на сокаците на Ур и Урук, на Лагаш, Киш и Нипур, на ридовите на Вавилон и Нинива, ќе талкаш низ нив како низ длабините на клинестото писмо и ќе се враќаш повторно назад со песните за Гилгамеш во себе, и не ќе знаеш зошто токму тој со тебе и болката на Енкиду низ тебе, зошто токму твоето тело и твојата душа се одредени за да се исповедаат низ просторот кај што диши твојата сенка, на јазик кој ќе го разбираат сите, небаре самите шетале по долините и горите на писмото изрежано во калта.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Новата книга во Татковото вавилонско одајче, крај чардакот, го означуваше влегувањето, често враќањето на самата надеж, кога таа нѐ напушташе во времето на непредвидливите настани на историјата во нашиот дел од Балканот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка влегуваше со посебна почит во Татковото вавилонско одајче, храмот на нашиот егзил.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Клементина коментирала: „Па тоа е балкански Вавилон!“ Мајка не знаела тогаш за вавилонското проклетство на јазиците.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
3. Нерамна игра
Триаголниците поаѓаат од ист центар
квадратот го ништат, правиот злокобен агол
еве ја шестката – превртливиот
и бескрајно лажлив круг со кука
со јаречки рог на врвот
наполу слепи, наполу видовити
прстите кратат
очите врзуваат
но, ја преминат ли/
кревката мрежичка на видливото
заборават ли на Играта, Домине
ќе гргнат невидливите нумери
сефироти, корени и децимали
деливи и неделиви
ќе го скршат јајцето под конец
бележитото ќе го издвојат
и неверното
фикцијата од тристашеесетишест степени
ќе ја расцепат на две-три-четири
ќе добијат полутки
опозиции, ѕвезда до ѕвезда
квадрат во квадрат – круг
магија, вавилонска перла
ниска по ниска
алка по алка, ала – слобода.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Го следи градењето на вториот Храм по ослободувањето од вавилонското ропство и првиот обред на либидација, на полевањето со вода на жртвеникот, изразот на желбата за добра дождовна сезона и богат род на полињата.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Потоа го следи вековното ропство на неговиот народ во Вавилон, далеку од татковината и запустениот храм, таму, на реките вавилонски...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како втор Вавилон.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
За да се велиме човечки
мораме да се делиме
Песна ме души, Матеа
и Вавилон се руши,
а ти, а јас...
***
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)