авто (преф.)
Во тие денови во селото за подолго време беше заседната и една од првите македонски авто единици, формирана од задленети бугарски и германски камиони.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Меракот е голем барем да седиш во свое авто.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
На професорот, покрај долгата, воодушевена рецензија, му обезбедив гланц ново авто, а тој мене лесен докторат.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Со други зборови, својата автономија во однос на татковските инстанци кои настојуваа да го ограничат неговото мисловно поле тој макотрпно не ја освојуваше само затоа безмилосно да биде проголтан од онаа прождрлива мајка, неговата култура: „Пред француската, германската, италијанската култура постои човечката култура“.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)