аероплан (м.)
Ете шо направи и нам и за себе ќе си а сторе негде липата, ја некој аероплани ќе го смачкаат негде. Море за леб ќе пцовиса, та остави друго!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Јас мислев некој ќос прета, вели и ме одѕидува, ги растуркува камењата. Свеста веќе ми работи ко аероплан.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Утрото, беше недела, жителите на Потковицата отрчаа таму, каде што претпоставуваа дека нештото се откина од аеропланот и на Црн Камен најдоа голема бомба, колку еден вол.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Веднаш потоа аеропланот брзо и лесно се извиши и го прелета Чауле, се изгуби во ноќта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но зашто тогаш не поминуваше никаков воз по железничка линија, кој би можел да биде бомбардиран, а не допираа ни шумови на моторни возила што се точкаа по Битолско Џаде, појавата на аеропланот силно ги изненади и ги возбуди.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Аероплан ли?“ „јасно реков, велосипед. Со крилја.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кај имаше тогаш аероплани да се бијат?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Небото го прекри големо јато од аероплани. Одминаа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не гледаш оти овде се зборува за аеропланите?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Не се случи ништо. Аеропланите не го бомбардираа градот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Мајсторот се налактува со двете раце на шаховското столче и погледот почнува да му шари над фигурите како аероплан во низок лет над зградите.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)