акне (св.)
Претседателот, сиот блед и изгубен во вратата, поцеден по муцката од маста од пржените јајца, што ги поручуваше, со касајот в уста, да го акнеш со тој чекич, истапен по камењата, што ги кршеше со него во ѕидањето и сиот бел од исушен малтер, ех, зошто не го стори тоа, зошто...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И акнува, му распукнува челото како зрело карпувче, потекнува црвена водичка.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Го акнав по глуждот оној што одеше пред мене, а тој ми се сврте и, држејќи се за удреното место, плачливо праша: - Копиле, зар не знаеш да маршираш, а?
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Аеропланот брзо ја прелета населбата и таму, кај Молитвена Вода, се откина нешто од него и тапо акна во ридиштата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со џандари, со `ртки, со загари и со некои нашинци, лижнигазовци, оттаму, од Прилеп и од Битола, ќе клапнеа уште одвечер во населбата и ќе им заповедаа на редовниците да им приготват убави вечери - питулици, мазници, зелници, печени кокошки, пресни погачи, чомлеци и јании; откако ќе се накркаат, ќе се налокаат вино и ќе се акнеа да спијат во гостинските одаи, за таа цел, за нивното доаѓање, предвреме напрашени за од страна на болви, вошки и други инсекти.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
За рамови, пристоен каталог итн. ти требаат едно 4-5 илјади марки да акнеш или чмарки да бакнеш.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Стегам повторно. Му ја акнувам тиквата од плочките...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)