алем-камен (м.)
Мајка го покажа прстенот од жолто злато, со син алем-камен, кој се наследуваше по мајкина линија, веќе неколку генерации.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Си го беше зела малкуто накит што го имаше, златниот прстен со алемкамен, наследен од мајка си, којшто минал низ прстите на повеќе генерации.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Синилото на алем-каменот се прелеваше во различни нијанси така што, на моменти, се чинеше дека нешто оживува во каменот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Градот крај реката, кој се сметал за еден од европските бисери, алем камен на златниот прстен, горел во текот на два-три дена.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)