аналогија ж.

аналогија (ж.)

Кај Данте, душите на оние на кои страста им го заплеткала разумот, на забранетите љубовници (Семирамида, Дидона, Клеопатра, Елена и Парис, Франческа и Паоло – извонредно друштво!) „пловат како чапји“ Лепет на невидливите крилја: зборот, чапјата – Ardea, кажан, под песок и книги, кој знае кога, во нечиј страстен љубовен крешендо, или во внатрешниот монолог на непознатиот, долетува, по мистериозната, музичка аналогија, во она што го запишувам.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сето тоа, се разбира, е само аналогија, бидејќи во денешно време не може да се репродуцира „Критиката на расудувачката моќ”; не се работи за нешто толку слично.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Аналогијата е иста: Shannon-овата теорија е теорија за количество на информација.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Споредувајќи ја својата замисла за несвесното и неговите односи со свеста со Фројдовата, авторот ја карактеризира Фројдовата теорија како некохерентна барем во два погледа: „Прво, јас не можам неговото објаснување на онтологијата на несвесното да го направам консистентно со она што ние го знаеме за мозокот, и второ, јас не можам да формулирам една кохерентна верзија на аналогијата помеѓу перцепцијата и свеста.“ (стр 169). 44 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Алфабетот станува космички систем од шифри“. (Менендез Пелајо) Тука постоеле и одредени техники, на пример нам познатите палиндроми, повратниците или раковските стихови, потоа kaimat (зборовите се пишуваат еден под друг, при што секој пат се испушта по една буква), па аналогии.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Цртачот на стрипови, драги глувци, можеби не е „лекар на убавината”, каков што беше, да речеме, господинот Леонардо, но ги секцира „нештата” на таков начин што неодоливо ги привикува аналогиите како на првите анатомски маси на Версалиус, така и на бесконечното делење на материјата со судирање на честиците, или на господин Вазарели, да не одиме понатаму во декоративното минато.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Аналогиите со биолошките процеси се корисни и при анализирањето на градовите, слично како и во анализирањето на индивидуалните домови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И овде можеме да повлечеме аналогија со вербална игра во која крај зборот коло може да се стави симболот +- за да прецизира дека станува збор за струјно коло.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Графологијата, термин скован по аналогија со терминот фонологија, ги проучува јазичните контрасти што системите на пишување ги изразуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа подразбира способност да не се сфаќаат аналогиите, да не се забележуваат логичните грешки, погрешно да се разбираат и наједноставните докази ако се противставени на Ангсоц-от и да се чувствува здодевност или одбивност спрема секој тек на мисли што би можел да води кон ерес.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше опасни аналогии меѓу народната уметност на Луција и таа политичка игра на обредот на заедништвото, и јас тоа го насетував, но не го разбирав тогаш.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Аналогијата, но и алузијата, кои произлегуваа од Игоровото кажување, беа јасни.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оти чувствував длабока аналогија меѓу сексот (сѐ уште неостварен со Луција) и политиката; чувствував дека и во љубовта на Луција има дел од таа политика, од стратегиите. И ја одбив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Значи од гледна точка на аналогијата, непријателската војска, мораме тоа отворено да го истакнеме и признаеме, има огромна воена надмоќ над нашата, се разбира, без да го сметаме тука военото воздухопловство, артилеријата и тенковите, кои, како што реков и пред малку, воопшто ги немаме и поради нив трпиме најголеми загуби...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Значи, Ајде, ајде и Јаваш, јаваш, според аналогија, можат да се сметаат и за неспротивставени енергии на османската цивилизација?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)