антитеза (ж.)
Со сета предност и сиот баласт на своите млади и непрегорени години, Живко Чинго се вредува во нашата книжевност како еден од ретките (и: дали - последните?) писатели идеалисти, ако тој збор пред сѐ, го сфатиме како антитеза на инертната, бескрвна, апатична незаинтересирана и апстрактна симболика на рамнодушните.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Велам дека се добродојдени зашто претставуваат антитеза на идејата на сѐ што е жестоко, навредливо и ранливо за човекот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Провокативното претставување што го направил Деборд за сегашната состојба на работите се однесува на мафијата, која откако (или додека) се разгледува како антитеза на јавниот морал и социјалното добро, “сега стои како модел за сите напредни комерцијални претпријатија”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
„Но, човекот не можел да ги избори своите најстари и наједноставни поими поинаку туку со соочување на спротивноста со нејзината спротивност, и дури така постепено научил да ги раздвојува двете страни на антитезата и секоја да ја мисли не мерејќи ја свесно во однос на другата.”
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во својата семантика љубовта како волја за живот е очајна и мрачна потреба, а омразата не е единствената антитеза на љубовта.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ми беше доволно да ги отворам овие книги на која било страница, за да го почувствувам зрачењето на едно блескотно присуство кое се наложуваше како егзактна антитеза на сѐ што некаква постојана актуелност без прекин ни ги бодеше очите: омраза, свирепост, лудост и над сѐ глупост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Словенска антитеза
Дали ветер се дигна над морето под небото
дали птиците се вратија и топлите времиња
дали јазикот се поднови и смислата
или миговните богови збор зедоа и загинаа
та преметите, луѓето и соништата безобѕирни
просторот и горчината ги размножија
и душата ми ја изнесоа на отворено
како разговор во акропол
да не смее да биде сама
а да сака?!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мистериозниот Транк Спироберг, со своите тези за поддржување на природниот јазик како антитеза на вештачкиот, се разбира, и тој ќе придобие свои приврзаници меѓу тогашните угледни лингвисти.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)