антифашизам (м.)
Во ноември истата година се формира и СНОФ (Словеномакедонски ослободителен фронт) како засебна антифашистичка организација на македонското население од Леринско и Костурско.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Во април истата година, во воденско се формира МАО (Македонска антифашистичка организација).
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На 23 април, истата година, беше формирана и македонската организација НОФ (Народноослободителен фронт) во чиј состав дејствуваа и македонските организации АФЖ (Антифашистички фронт на жените) и НОМС (Народноослободителен младински сојуз).
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таа уште во млади години како матурантка во престижната учителска школа „Мајката Царица” во Тирана, се влеа во првите редови на антифашистичките демонстрации во текот на покорувањето на земјата, газејќи ја сликата на фашистичкиот водач Мусолини.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Пристигнувањето на првите британски воени мисии на територијата на Македонија од една страна значело признавање на дотогашниот придонес на единиците на НОВ и ПО на Македонија на страната на антифашистичката коалиција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Македонскиот народ од делот на Македонија под Бугарија низ активното учество во антифашистичката борба го извојувал своето право на национално самоопределување и се до 1948 го остваруваше тоа право.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Со тоа Македонија го даде својот придонес на страната на Антифашистичката коалиција против наци-фашизмот.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Како таков Христов мошне придонел за ширењето на вистините за историската самобитност на македонскиот народ, за неговите поробувања и разделби, за неговата антифашистичка борба за создавање на своја целосна држава.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
1. Оваа фондација, чиј патрон е маченикот на Германската ноемвриска револуција д-р Роза Луксембург (Rosa Luxemburg / 1871–1919), жената која беше најважниот претставник на интернационализмот и антимилитаризмот за време на Првата светска војна, има преку 200 партнери од над 50 земји, како и 14 интернационални канцеларии, во речиси сите делови на светот, а нуди сестрана образовна програма на суштински теми: глобализација, социјална правда и еднаквост, родова политика, демократска партиципација, екологија и одржливост, локална самоуправа, антифашизам и антирасизам, современа историја и критика на капитализмот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Шпанската историја ја проучуваше пред да замине со доброволните антифашистички бригади, но и ги почувствува нејзините најтрагични моменти и затоа тој се надоврза на Татковото кажување: Волјата за религиозна христијанска унификација ќе се почувствува по крајот на муслиманска Шпанија, кога во 1492 година, католичките кралеви, стигнувајќи во Гранада, ќе ги прогонуваат Евреите, со исклучок на тие што ќе го прифатат преобраќањето во христијанството. Тоа е историјата на мараните.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски во најголемиот дел од својот живот беше означен од борбата против фашизмот, уште од рововите и барикадите на Граѓанската војна во Шпанија од периодот на диктаторот Франко, па сѐ до учеството во првите борбени редови на антифашистичката борба во Македонија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Секојдневно револуционерните маршеви од звучниците на Голи Оток го занемуваа, но некогашниот борбен полет, што го предизвикуваа овие слични по ритамот на овие маршеви го восхитуваа и водеа напред со своите компањони на шпанските или балканските антифашистички боишта.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)