арабаџија (м.)
- Не Риста, се налути Андон како да се кара. - Ристо е арабаџија од нашата улица.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Во браќата пак се разбуди злото. Што сакаш ти, коњ со шест нозе, но тој, арабаџијата, ги познаваше коњите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Најпрво се спогодуваа со некаков арабаџија, жилава пенушка со исламско спокојство во очите и мислеа дека се ќе е како што бараше Отец Симеон.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Смислете нешто. Обидете се со некој арабаџија.“ Боже, биди милозлив како што си мудар, мислеа тие и беа покорни во својата нејакост, свесни дека сѐ се само не и ум.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Како да не ти верувам?“, му велам, зарем не видов како профучи над нас онаа граната, којзнае од каде залутана, и се распрсна токму над огништето на Пинговица, над мудбакот нејзин, а мажот ѝ, Сотир арабаџијата, оној што ги носеше трговците по пазарите, дотрча по поплочаниот двор и не знаеше како да влезе во мудбакот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Подобро било да поверувам и да паметам дека сите тие девојки (а помеѓу нив се наоѓала и мајка ми) што ги служеле арабаџиите и трговците додека работел анот на Дуко ми биле по малку и мајки.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
На сите им беше јасно дека ова ќе биде првата и последна игра покер на газдата на арабаџиите со балканските џентлмени.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога конечно газдата на арабаџиите не пушти глас дека ќе дојде, старите играчи очекуваа да се појави некој од повиканите нови играчи, кои, меѓутоа, го немаа потврдено своето конечно учество, па не се знаеше до последниот момент кој би можел да дојде.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И ние, децата, бевме сигурни дека газдата на арабаџиите нема да дојде на наредната игра покер, макар што старите играчи не беа категорични за неговото неучество.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)