артист м.

артист (м.)

Писарот ја премести капата над чело и како артист, со раширени раце и подадена нога, драматично зашумоли со сета своја рибја крв: - Ова е, молам, навреда за законот, за државата. Јас не дозволувам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Даскалот Милан Ацев, како раководител на училиштето, одржа говор и ја предупреди публиката дека сите „артисти што ќе се појават сега на сцената" се ученици од училиштето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Публиката заплеска, чаршафите пак се разгрнаа и пред масата се појавија нашите „артисти“ со „дедо прота“ на чело. Сите се поклонија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Заприлега на рутиниран артист кој го открива животот а сепак не престанува да биде артист.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
25. ГРЕОТА Е ДА ЛАЖЕШ, СРАМОТА Е ДА СЕ ЛАЖЕШ - таков грешник и бесрамник бидува артистот кога ќе игра ролја на некој гасподин важен кому што на овој свет сѐ му е и јасно и чисто...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Речиси цела Софија сакаше да ги види реномираните советски артисти на циркуската арена и затоа многу тешко можеше да се дојде до билети за циркусот, во кој се појави и прочуениот дресер на мечки Владимир Тин, кој со своите миленици изведуваше речиси неверојатни точки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Поети, артисти, оперски пејачи, балети, свирачи, кросисти, таленти.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во домот најмалку трипати во месецот доаѓаа одговорни другари, добротвори, благородни луѓе, граѓани, татковци, мајки во потрага по своите деца, задолжени активисти, предавачи, артистички трупи, поети, морнари, секакви гомнари, потоа некои си другар и другарка Лажоски, маж и жена или брат и сестра, чудовишта, инспектори по здравје и хигиена, едни вечно гладни луѓишта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Поети, трактористи, мотористи, оперски пејачи, балерини, свирачи, хористи, артисти, река, туку си тече.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Немав храброст. Да појдам сам. Ема, артистка, ме сослуша со оправдувачка насмевка.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Списанијата, пак, со сериозна физиономија, ја побараа причината за нестанокот на Артистот во неговите уметнички неуспеси.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Артистот не ги поднесуваше критичарите. Ги нарекуваше „портабл-енциклопедисти“ – За секој поим знаат по два реда – им се потсмеваше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Што се однесува до малечката артистка, таа веќе првата вечер ми стана љубовничка, и можам да ти кажам, навистина беше жешко парче.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Напишав за кој тим навивам. Кој пејач и која пејачка сакам. По која артистка лудувам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Уницикл?“ „Знаеш, еден од оние високи, хромирани велосипеди со едно тркало, едноседи, што беа возени од артистите во водвиљите при жонглирање.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Мотивацијата за избор на псевдоним или на друго име најчесто произлегува од профилираноста на самата работа со која дотичниот уметник се занимава, односно во центарот секогаш е артистичкото дејствување кое го насочува и влијае на неговиот избор обликувајќи се во името како проектирана слика на самата личност и нејзината уметничка активност: Banana Queen, Texas Postal Art King, Art Tart, итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ваков експеримент е веќе направен во делата на дадаистите (особено кај Дишан), а и подоцна кај поп- артистите и во делата на некои концептуалисти...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тука беше секцијата за телевизиски програми, со нејзините инженери, продуценти и тимови од артисти специјално избрани поради нивната спсобност за имитирање на гласови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да биде на фестивал не може секој: филмови од утро до вечер, сниматели, режисери, артисти, новинари, фестивалска публика!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но тоа го сторив за да ги повредам; бев сосема свесен дека тоа е исто како кога пишуваш театарска критика да го нападнеш артистот за некои пороци што тој ги има во приватниот живот, а сосема да ја оставиш на страна неговата ролја; но јас имав право на тоа, затоа што нивната ролја се стопуваше со нивниот личен живот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе