аџи (прид.)
Откога видел Силјан оти не веруваат, почнал да им кажува што му правел на татка си, како го поучувал татко му и тој не слушал, како се главил со дуовникот, како влегол во морето, како се нашол на долна земја, како правел муабет првата вечер у Аџи Кљак-кљак, како му прикажувал за старецот што го отепале децата и што колнал, како излегле двата извора од кога им изумреле сите деца од големата сипаница, како се сторил штрк и си врзал шише на гуша и како патувал од штрковата замја преку широкото море, како дошол над Плетвар и го окршил шишето, та си останал штрк и си дошол дома.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
– Ти благодариме на милоста, кади ефенди. Со сѐ срце ќе му помогнеме на нашиот падишах што сме вредни – одговори пак аџи Јане.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Аха!, си рече во себе аџи Јане. „Значи, треба да се нападнат од сите страни за да се скршат. Ете тоа ми треба“.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Овој излезе назадечки и на уште отворената врата се појави бившиот Аџи Јане, сега Јунус-бег и направи едно длабоко темане. – Добар ден, кади ефенди.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Чаршијата ромореше за оваа случка, ама и се мајтапеше со вдовецот аџи Герасим, кому откопаната му ја величаа како ветена втора жена, која во чеизот му носи купче богат накит.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ги чекаше аџи Герасим службениците и чаушите, ама накитот од вратот и прстите на жената сѐ повеќе се намалуваше, и кога ибн Бајко се наведна врз дупката да види што се случило таму, пред очи му излета една белегзица право во рацете на воскарот, летна како оцет да испарува и ја снема.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)