бабуњосан (прид.)
Подоцна некој бабуњосан Адам Лесновец, за кого можело да се поверува дека удрил со муцка во улиште, им кажал на луѓето од дружината дека човекот во ветов кожув се вика Доце Срменков.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Те спасивме од бабуњосаниот Адам, сега слушај нѐ. - Не можам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И црниот ѓавол можел да ги почитува тие луѓе како што можел да се восхитува и од нивните жени, повеќето трудни, кога ги пречекале на патот кон шумичката бабуњосаниот Адам Лесновец и попот Панделиј; лицата им биле тврди, како изделкани со чеканите на мажите од сив, модар и зелен камен.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Повремено, од под сенката на сливата, бабуњосан и потен, се јавува машинистот.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Утредента, по хотелската ноќ под илјадитиот отпечаток од графиката: превртен чун под жална врба на езерски брег, спани- недоспани, бабуњосани и мамурлии, појдовме да го земеме Живка од дома.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Нему му беше сешто доста, и вино, и разговор, и пијаната атмосфера во крчмата, кај што се нишаа во чадот бабуњосани лица.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)