бавча ж.
бавчанџија м.

бавча (ж.)

Да си паднам во твој дворој, Во твој дворој, во ѓул башти, Да изникнам ѓултрендафил.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А в бафчи трендафилите слушаш ги - со темницата шепотат севда без мерак, шепотат - златни времиња!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Само летно време, играјќи брканица, децата се криеја во неа, а наесен немирникот – ветер кога ќе зашумеше во оголените гранки на тополите, и ги кубеше сламените старечки плеќи, се напињаше да ја одвее, но Аврамовата колиба зачудо долго време се додржа и остана сред бавчите како спомен на страшниот полјак со големи обесени мустаќи.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
1 Зад последните куќи на нашиот град, сред бавчите, покрај два реда вити тополи, што стојат високо исправени крај јазот има една голема сламена колиба, во која што сега никој не живее.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но не беше Мече сам таа ноќ во бавчите.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Точно и навреме ги вршел сите молитви и свегатени обреди, но затоа уште поточен бил во работата околу лозјата, бавчите, маслинките, смоковите градини итн.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Четворица слуги имаше само во магазата. А посебно имаше други што ги работеа бавчите и чифлигот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Целата бавча покриена со дебел златест ќилим од попаднатите лисја од сниските крошни на овошките.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наеднаш Славчо се најде во бавчата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кај излезот од тремот во бавчата, чардаче исплетено од гранките на две огромни лозници.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Чекај го синко! - рече баба му, го лупна по обравчињата и го испрати в бавча да си игра.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Сакаш ли да појдеме и ние во бавчите на султанот?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја држи, стисната меѓу колената, книгата што му ја даде Павле и чекаше да заврши часот за да истрча во дното на бавчата и таму да чита.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се сети за порачката на Никола, го зеде зимбилот и рече: - Варди го Ѓорѓи! Јас ќе одам в бавча!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Зад анчето имаше бавча засадена со патлиџани, пиперки, кромитче, празенце, зелчиња и разни цвеќиња.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Се разделивме тихо и забрзано се стопивме во сенките на бавчите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Му реков да не ми се врти во бавчата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но ние среќно се довлековме до бавчите крај училиштето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Брзо се врати дома. Мајка му пак ја немаше. Како попарен отрча в бавча.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе