барокен (прид.)
Барокната свеченост по повод човечкото преминување во непознатото обележана е со споменични градби или ликовно јасни симболи на предмети како некакви амблеми на протагонистите.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Цврсто вообличената филмска оркестрација проникната е со една богата барокна постапка со примери од европската наративна и ликовна традиција, со кои режисерот оперира како со некакви поединечности и варијации на трагата на еден запрепастувачки механизам.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Неговите „фантастични“ скици за костими биле илјада пати копирани и влијаеле на барокниот театар на декорацијата.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Од времето на италијанската окупација покрај широкиот булевар останаа и зградите на неколкуте министерства во центарот на градот кои се одликуваат со нивниот хармоничен изглед и барокни фасади.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Њујорк е последниот инцидент на таа барокна вертикалност, таа центрифугална ексцентричност на повеќе хоризонтално расклопување и подземни имплозии.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
„Барокниот“ стил, или она што го подразбираме под „магиски реализам“, го среќаваме во оние раскази чија произволност мораме да ја прифатиме ако сакаме да поверуваме во нив. Таков е, на пример, расказот за Моне Хенџов-Даров.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Едноставниот мебел контрастираше со барокната вегетација.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се разбудив со долгата ти коса замотана околу вратот а сѐ уште мирисаше на босилек и на тебе мирисаше, залепена кожа врз мојата под чаршавите од кожурот на утрото-во собата со црвени барокни завеси;
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Градот се менува а ти старееш, тажен си што не си се прилагодил на тупси-тупси кафаните, бронзените лавови и барокните мостови, и што веќе немаш храброст ни да се иселиш.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Судбината првин го носи во Минхен, против своја волја да изработува барокни бакрорези во едно познато ателје, оддалечувајќи го од неговиот идеал импресионизмот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)