батакчија (м.)
- Еве, мудур ефенди, потпиша батакчијата! - рече трговецот.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Навистина срамота од еден батакчија да се плашиме, ама ете, големи планини.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ете, те, и тој си и гласи работите како нему шо му чини, а не како нам. Не гледаш оти и он тргнал со батакчиите и ене го, не, токо врла надвор пласти снег без да гледа оти сиромасите мрзнеат — ја тешеше Толе Митра и ја галеше по русата коса.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ние си а гледаме нашата работа, орање, копање, жетва, вршење, што знајме шо прават и кој се батакчиите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Б бадијала - без пари, бесплатно, залудно батакчија - измамник, неранимајко башибозук - нерегуларна војска, паравојска беља - несреќа, невола, мака, тегоба, искушение берат - повелба, декрет, заповед, издадена од султанот, со која се давале разни права, привилегии
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Миг стоиме вслушани во песната што предупредува и вели да не им се верува на битолските батакшии кои ветуваат, а не земаат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)