батали св.

батали (св.)

- Шитлики- митлики, - рече Србин и ја батали таа работа. - Оди, па што ќе е среќа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но зашто и покрај толкуте акања низ гората и полето потерџиите не му влегоа во трагот, го баталија, уверени и уверувајќи го султанот во Цариград дека наскоро ќе му ја испратат главата Владимирова.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој е пример за тоа дека и без завршен факултет може одлично да се живее, иако баба ми Санда често со жалење раскажува дека „Ванче нејзин“ бил одличен ученик и дека уште малку испити му останале до факултетската диплома, ама, се фатил со лошо друштво и сѐ баталил.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Еднаш и брат ми се обиде да ми објасни, па крена раце: - Ова е уште еден доказ дека девојчињата се глупави – рече и ме батали.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Батали го, не му е прв пат – сосема се откажа Лета од потерата – туку седни да ти кажам за Мартин.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Стоеше така со погледот како фрлен во пустина и веќе помислуваше да ја батали оваа работа коа, зад себе, од левата страна, чу женски глас како му вели: „Ви треба помош?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тито ги батали задругите, почна да се зборува за економски реформи, за слободен пазар, се пушти приватниот сектор да подприкрене глава, дојдоа нови луѓе, помлади, кои беа исто толку ако не и полоши комунисти, ама беа донесени на власт да не можат некако тие да го прочистат заднатиот социјалистичкиот оџак за подобро да трга.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ведран веќе не носи пелени, и кога од молење помислевме: ќе нѐ мрдне, покажа дека може да ги батали кога ќе му прдне.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Но батали ја сегашноста кога го имаш минатото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дал неколку испити и баталил учење.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Појма немаше од глумење и со време ја батали филмската кариера.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Него батали фудбал и остали спортови. Мислам дека од сите постоечки утакмицата со судбината е една од најинтересантните затоа што таа е пред све најзаебаниот играч у животното првенство.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Него батали ја силиконскава долина. Глеј колку педофили ко глувци се накотија у земјава, му викам.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Него батали толку мислење. Од многу мислење викаат болело глава.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Те стега мислата? Не мудрувај. Батали. Паметот е потстанар кој доцни со киријата.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
- Ма дај, батали, ти ќе бидеш моја лична готвачка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
се распали, гори Македонија можеби и отшто ги баталивме утринските молитвени песни отшто ги баталивме и вечерните серенади а додолските песни ги избришавме од сеќавањата од сите носачи на звук (останаа само носачите на зло).
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Батали жено, кој видел аир од земја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)