безграничен прид.

безграничен (прид.)

Полетуваше по неа, полн со топлината на таа своја тивка игра, во која потреперуваше и некаков безшумен лет на преперуга, некакво бело танцување, и некаков безграничен устрем на галеб, во таа бес тежинска собраност на сѐ, што постоеше од него, само во тој поглед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би рекол - детските желби се безгранични.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Небото е безгранично, господ е голем, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не можејќи со постоечката работна сила да ги намерат давачките, а не сакајќи ни да си скусат од својата господштина, своите отроци, во чија работливост и преданост безгранично веруваа, за да ги врзат уште повеќе за себе, од Дупка ги преселија на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во нив имаше безгранична надеж за да истраам во храмот заробен од луѓето кои не знаеја што чинат...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Денес, повеќе од кога и да е, се говори за воскреснувањето на народната уметност и за нејзините, навидум безгранични перспективи.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Со мојата смрт ќе им го фрлам на моите непријатели, на поробувачите на мојата татковина, мојот безграничен презир.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Понекогаш бев груб, дури и суров со тебе - прости ми за грубоста и суровоста, зад нив ја криев својата безгранична љубов, а срцето ми крвавеше.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но таа како да ги имаше сите други зборови, но потонати длабоко во нејзиниот молк. Ѝ се восхитуваше на нејзината тивка моќ која стануваше вистински безгранична кога зборуваше за нивните чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Им дозволи да ја допрат безграничноста! Безграничноста на духот!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Прицврстен за своето семејно стебло од кое се храни, заслепен од листовите кои го опкружуваат, неговото битие не ја запознало безграничноста на просторот во своето време на формирање.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Лектира кнезу Репнине пукната калино во мозокот црвено во копнежот се всадуваш прибираш сѐ што е светло безграничен меѓу корици мирисаш на бебе те канам чај да се напиеме зимата да ја згаснеме небаре жед ти седумдесет и шестата јас тебе да те видам меѓу луѓето немаштија во мене исто така - има што да видиш дождот се самоубива кога врне за да постои мора да врне зли абери како метафори ме следат ѝ се ближи крајот на неизвесноста репнине литературо!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
потем се наслутува сѐ почесто во глувиот ноќен јасник како слана (во споредба со неа, снегот е мек и топол, Господине) во забраната да се верува во чувствувањето срам да се признае мечтаењето по неа и скришното вљубување во зазорот и распрашувањето за смислата на животот (најдолгите чудења се загушени од банални спреги) во сѐ поприсните признаци од сонот - таму кајшто живееме однапред, повторно и можеби безгранично, таму кајшто времето не се мери со просторни величини и кајшто, конечно, не се дели иако, да признаеме навиката да живееме раздвоено нѐ збунува сега едно-по-друго се подготвуваме да заспиеме да ја избереме спалната, креветот да постелеме нови чаршафи само за една, за наша употреба купуваме ноќници за истата прилика се тревожиме од наглите отворања на вратата низ којашто проблеснува вселената сѐ до неиздржливата глад по Неа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Издржи ја безграничната празнина што зјае од моите очи. Сега навистина си сам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Безгранична слобода“, изговори гласно и во мигот му застана нешто во главата како јазол на конец што треба да се провре низ иглени уши и погледот пак го врати на сликата раздробена меѓу зарѓаните квадрати: Човек седнат на клупата во паркот, лево од него и зад него високи ѕидови опшиени на врвот со бодликава жица, пред него долг пат со камени коцки до главната капија на затворот, од десната страна затворската зграда од која зад решетките го гледаат две очи сини, како синото небо над него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За време на својот престој во Виена тоа се спријателило со бугарскиот конзул, при што го изразувало својот безграничен восхит спрема фирерот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Јас знам дека секогаш кога имам потреба од душевен мир и спокојство погледнувам кон небото, зошто само таму во тој безграничен простор, каде границите се вишок сетилата ми се слободни, живот без грев, ин оптима форма.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Крајот е последна пречка помеѓу кодифицираната парадигма и безграничното.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Женската интуитивност беше безгранична.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И обајцата безгранично им веруваме на луѓето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повеќе