безгрешен прид.

безгрешен (прид.)

Падна, сине, ти на трава в то широко поле, душа даде, душа нема, без да кажеш слово ни за мајка, ни за либе; крвта ти истече как на рудо, сине, јагне, младо и безгрешно!
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Висока, безгрешна, со пламени коси. Залипа со акордот на виолината, со звукот што не бил болка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Па од страв од самовилите, освен нив овчарите, уште само некоја куражна баба, ако ѝ беше таква нуждата, крајна, и ако можеше да јамчи за својата безгрешност, смееше да отиде таму.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се обидел да се исповеда пред челникот Онисифор Проказник, бил срамежлив и безгрешен, можеби нешто од долгиот живот и присокрил пред помлад сведок и исповедник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Покај сѐ и тоа ќе ти помогне да се вратиш од мракот кон светлината, од немирот, кон мирот во душата; од сатаната кон бога, кон спасение; нема човек безгрешен, па дури и еден ден да живеел на земјата, зашто потекнуваме од грешните Адам и Ева, како што вели Јов, но ако се покае, господ му простува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Помолча пак отец Иларион, и кога виде дека сите гледаат во него чекајќи да продолжи, рече: - Душата човекова се разликува од животните и по тоа што таа прави дела; што управува со сопственото тело; што знае дека телото ѝ е привремено боравиште; што е разумна и знае дека е од бога и во бога ќе се врати; што знае дека ако биде грешна - ќе замине мрачна и темна, а ако биде безгрешна - ќе замине чиста и светла; што знае (како што вели свети Андреј Јуродив) дека сразмерно на делата што ги направила, така и ќе свети: некоја како сонце, некоја како месечина, некоја како пламен, некоја како молња, некоја како камен скапоцен, некоја како килибар, некоја како цвет, некоја како волна, некоја како сребро, некоја како чисто злато.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но бидејќи во стварноста Големиот Брат не е семоќен, а Партијата не е безгрешна, постои потребата од неуморна, постојана еластичност во третирањето на фактите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие не се толку безгрешни како што се прикажуваат.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, тупаницата на отец Стефан Писмородецот биеше безмилосно ако јас читав со поинакви очи од неговите; еднаш прашав дали можеби Јов греши затоа што е безгрешен, и дали можеби Бог во таа книга е премногу суров, оти иако му ги враќа имотот и добитокот, и децата што претходно по ѓаволов наговор му ги зел – тоа не е истиот имот, не е истиот добиток, и што е најскрбно и за мене најнесфатливо – тоа не се истите чеда што му ги зел; прашав и добив тупаница не по крстот, ами по носот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Човекот, бидејќи е Исус, сосем е јасно дека нема да страда само кога е грешен, туку уште повеќе кога е - безгрешен!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Немам причини да не верувам дека себеси се сметаш за безгрешен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да сонуваш, значи да спознаваш да уживаш, страдаш, патуваш да убиваш, бегаш, леташ да паѓаш во бездна, во кошмар да правиш сѐ што правиш и будна и уште, и многу повеќе автентично, во боја (…) оти сонуваш симболично сонуваш навистина сама - како острово - како безгрешен зачеток. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Каде си сега? Да ме видиш! Да! Да! Каде се сега твојте две раце? Ти безгрешен!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Текстот сигурно досега го изговарал стотина пати. Безгрешно.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Никој не е безгрешен. Јас грешев и кон себе, и кон тебе, и кон другите.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За него, како и за сите нас, Господ треба да е безгрешен, едноставно, совршен.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Нееее..., ниеден човек не е безгрешен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Зошто, да не си ти некој Ангел! Ти зарем си безгрешна!?
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Христа - Единороден Син Божји - безгрешен го распнале на Крстот - за опростувањето на нашите гревови...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)