безгрижен (прид.)
Абдурахман,куршум чиј наместо секогаш паѓал, најди му рамен во светот: без некаква мака со сигурност безгрижно гаѓал малечки птички во летот.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Правилно тркалестото лице на месечината полека раснеше зад покривите; со своите дамки таа ми личеше на безгрижен човек со избричена глава, каков што гледаше од фирмата на продавницата со лотарија.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Тој брзо пиеше, таа, непосредна и безгрижна, се восхитуваше, со детски сјај во очите над многуте анегдоти на богословот.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Можеби сите деца на светот имаат памучен палјачо на кого во безгрижна игра му истргнале една нога и имаат свое небо и бајки зад тоа небо.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Во тој случај колку ќе останеш со мене?“ ја праша еднаш другиот - млад и сит и безгрижен.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На веселана девојка со очи натопени во грев, на безгрижната група спортисти со торби преку рамо, на мајсторон на врв електричен столб, не може никој да им закачи бројка.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Од дрвјето се огласија птички. Ѕвонливо. Трепетно. Слободно. Птички. Мали. Безгрижни. Пеат.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Чудно безгрижен, првпат по толку години, четирипати го заврте бројчаникот на касата и се претвори во крик.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Јасно можеше да се чуе шумот на селската река, која недалеку безгрижно ја продолжуваше песната на убавата пролет.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
4. Ако доброто почна да бега и од него зашто тогаш не му рекоа обвинет си дека си луд, смртна опасност си за луѓето, дојди на испитување, болницата се наоѓа таму и таму, бројот на телефонот е во телефонскиот именик, туку дојдоа како ураган, обајцата - горила со ниски, безгрижни чела и зелени подочни кеси, обајцата колку тројца како што беше тој, набрекнати, сити рамнодушни за сѐ, дури и за себе, ни толку умни за да бидат некогаш луди.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Вистина, тие не ги познаваа загинатите овчарчиња, но настанот беше толку потресен и толку грубо се вмеша во нивниот весел, безгрижен престој во планината, што и ним ништо не им се милееше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Атмосферата на свеченост, разгорениот оган, стопленото сопче, пријатната миризба на пржената сланина, му го зголемија расположението на момчето, па за првпат откако беше дојден во колибата, откако беше затрупан од снегот, се почувствува безгрижен, спокоен.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ниту еднаш не помислив дека може да има некој што не е радосен како мене, што не е безгрижен.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Навистина, можев да им завидувам на сите други деца во класот и знаев дека веќе никогаш нема да ја имам нивната безгрижна смеа и веселост.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
И ветар што излегува како од библијата расфрла псалми наспроти ѕвездите меѓу кои сега шета детето Некогаш безгрижно што си лежеше покрај стожерот.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
И наеднаш водичот ја крева раката свртувајќи им го вниманието како да крева меч: „И во тој убав и безгрижен живот, некој од луѓето во крчмите свикал: Погледнете, луѓе...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Визиите не господареле над него и над неговиот сит, безгрижен, тромав живот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Умира и се менува со нов, ни тој не може да му одолее на летниот валцер... ен два три...ја загнездил мама во себе и танцуваат, танцуваат...ен два три...ен два три...како е можно да не те повлече таа неумолива, таа безгрижна вртелешка...ен два три... нашето страдање е и радост и ново раѓање...ен два три...смеата нека е смела и брза – повеќе да дава помалку да чува...ен два три... зборовите сакати се, мислите немоќни се губат – кога сме плен на тонот снен...ен два три...ен два три...моите бледолики родители меѓу исончаните мускули на танцувачите меѓу црвените жици на решетките...ен два три...ен два три...
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сепак, би ми било навистина многу драго ако успеа да сфатиш дека не бевме ниту деспоти, ниту ненаситни посесивци, туку дека се трудевме да ти овозможиме најдобри услови за безгрижен, самостоен развиток, да ти всадиме широки и хумани погледи кон светот, да ти дадеме скапоцени совети за што побезболно да ги минеш младешките кризи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Очигледно за нив овој ден не беше безгрижен, зашто премногу бевме распалавени.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)