безмилосен прид.

безмилосен (прид.)

Сончевите зраци боцкаа безмилосно.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Кон нив Луман беше безмилосен: ќе го претепаше должникот, ќе му го грабнеше детето и не му го пушташе додека не го добие она што сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Нему, да признаеме, не му беше лесно: за него сега немаше ни селски празници, ни излегувања на сретсело како некогаш; мораше да седи дома плашејќи се од заслужената одмазада од луѓето кои, ако не друго, сигурно безмилосно ќе го мајтапеа онака како што умеат само селани.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
По гола ливада, просто збришана од првиот здив на безмилосната планинска есен, полека чекори подведната старица.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Другиот извади од војничката торба парче пексимит и го стисна едниот негов крај со безмилосните заби.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во него израсна, се напна, безмилосно проби со писок прашање- зошто?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Молчеа. Безмилосно но и без бес ги покажаа забите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не се здржа ни жената; гледа во норовите како ја притиснале плашицата до колјата и безмилосно ја таманат. Вистинска наезда.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стоеја потпрени еден на друг и се срамеа. „Остави го, Мироне“ , рекоа. „Тој е сакат.“ Во очите им лежеше лилава меланхолија и молеше - остави го Мироне, а тој, насилник со жед на сувите усни, уште еднаш праша со закана крстосувајќи ги рацете на гради: „Што сакаш ти?“ На ниското чело можеше да му се прочита дека знае да биде до крај безмилосен кон противниците.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Знаеше дека Велевата душа и без неговите приказни го чувствува животот повеќе како приказна отколку што го сеќава таков, каков што си беше за аргатите, тежок, безмилостив, волчи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Отец Симеон не можеше да се насмее, весело да заклокоти од грло - сувата кожа на усните безмилосно пукаше од жештина. „Ќе успеете“ ,им рече не гледајќи во нив. „Ќе се обидете ли?„
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Она старче, со рамото што му остануваше покусо и покрај кожниот ќурк, сите во нивното село го знаеја како човек, кој некогаш знаел да работи и кому на еден безмилосен и ужасен начин му беше одземено тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Потоа се рашириле по селото секакви прикаски: некои кажувале дека загинала од безмилосни насилници, некои дека му се вратила на родното место.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тоа било јасно и било јасно: многуте советници со висок ајлук и вечни гости на беговиот мудбак можеле да им смислуваат одмазда на непокорниците од Кукулино; тие исти советници еднаш веќе сториле да загине од безмилосни пушки измирецот и милосникот на убавината Селџик-бег заради споулавеното јунаштво да ги зема под заштита копуците и залангугурите од најкраставите крстени села во Скопската Котлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Изморен од толкуте настани што го напаѓале во последно време со клунови на злокобни и крајно безмилосни птици одмаздници за нечие туѓо зло, на попот сè потешко му паѓала суровоста на човештвото што сега, еве, се претставувало преку лесновските жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Завршниот удар си го препушта за себе. Ефектно и безмилосно.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше во фаза на премаленост: „Јас кутрата, беспомошната, што секој ја гази без пардон, сум непотребна во овој безмилосен живот“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со други зборови, својата авто­номија во однос на татковските инстанци кои настојуваа да го ограничат неговото мисловно поле тој макотрпно не ја освојуваше само затоа безмилосно да биде проголтан од онаа прождрлива мајка, неговата култура: „Пред француската, германската, италијанската култура постои човечката култура“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Безмилосно и непоколебливо, мошне луцидно, продлабочено и со големо чувство за релевантноста на проблемите што ги загатнува (притоа совршено избегнувајќи ги замките на баналноста и дидактичноста, толку карактеристични за сегашните кобајаги либерални нови идеолози кои во значајна мера се истите оние божем одвеани марксистички цензори сега видливо присутни по разни „невладини“ и „граѓански“ здруженија од каде делумно пак финансиски го контролираат текот на идеите), Буден просто се наметнува како пример за улогата на интелектуалецот во (по многуте гадости) сличните источноевропски општества во „транзиција“.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
„Невозможно е да се заснова цивилизација врз страв и омраза и безмилосност. Таков свет не може да трае.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повеќе