белегзија (ж.)
Попот и Трајко беа оковани со пранги од по дваесет оки и врзани со синџири за гуши, со белегзии на рацете, потоа двајцата еден за друг и така ѕевгарички идеа водени напред од четворица сејмени, а назад следени од осум.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Откако ја свршија оваа работа, им ги стегнаа рацете наопаку со белегзиите што ги имаа и во затворот, но затоа пак им ги ослободија нозете од тешките пранги за да можат да одат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Оковани во прангите, со белегзиите на рацете и синџирите на гушите, ги помина неколку јаничари низ Стамбол но тука не предизвикаа некое големо љубопитство кај луѓето низ чаршијата, бидејќи вакви појави во Стамбол не беа реткост како во малите гратчиња во провинциите.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се знае. Кој доспеал во тој затвор не ќе се пофали со добра постапка; нема да помине без тесни долапи, ситен синџир на гуша, белегзии на раце и тежок тумрук на нозе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Еднаш еден ваков ми продаде „златна“ белегзија, а таа била фалсификат.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Речиси од сите страни во овие улички на „Капали“ ве засенува жолтоблескавата боја на златото, трансформирано во прстење, нараквици, белегзии, обетки, синџирчиња.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Тројцата никаквеци купиле за златото секакви женски лаги, белегзии со модри каменчиња, морски полжави, шарени басми и прекуморски скакулци во шеќер.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тројцата донеле со себе невидени и нечуени чуда: сребрени белегзии со модри каменчиња, школки, од кои, кога ќе се легнело врз нив со уво, шепотело морето, вретенесто суви риби со отворени усти и со боја на проѕирно злато, басми со секакви шари (едно цветно поле од качунки и синолички), морски ѕвезди, презашеќерени непознати овошки од кои се дебелело.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Амови, колани, налани, леѓени, свеќи, златни украси, ибрици и ќунци, сабји, ножови: налбатите и ковачите креваа врева, папуџиите пееја, кожарите си ги обработубаа кожите во камени корита, кујунџиите со двојно око ги виткаа шарите на своите белегзии и ѓердани.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И, како совршено заокружување на сѐ она што веќе ми го имаше речено, онаа смешна додавка: иако не бил моментот за спомнување обетки, белегзии и други женски глупости ете, таа и тоа го прави па затоа сите отклоненија во нејзиниот разговор да не сум ги сфаќал сериозно.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во ноќта на музеите во Венеција веќе одамна никој не се запишува во правливите книги на впечатоци, како што во ноќта на вештерките никој не евоцира спомени за средбите лично со Данте на најдлабокото дно од пеколот неподносливи турканици, сека ноќ си ги обесуваат гласните жици на ченгели шиткачите на сувенири од муранско стакло, обетки, белегзии, приврзоци, порцулански чаши со слики на Свети Марко или на гондолиери кои ионака во последно време повеќе се сликаат отшто нема доволно јапонци за прошетки низ Канал Гранде, сентиментале.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)