бели (несв.)

СИТЕ: (Играат, пеејќи.) Јовано, Јованке, крај Вардара седиш, бело платно белиш, сѐ нагоре гледаш, јагне, мое Јовано. Јовано, Јованке, јас те тебе чекам, ти ми не доаѓаш, ти ми не доаѓаш, јагне мое Јовано.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Рано рани бела Рада,­ бела Рада мома млада, на бел Вардар платно бели, платно бела две недели...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Бел ми Вардар тивко шуми, тивко шуми вода лее, - бела Рада платно бели, платно бели песна пее:
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Нека ми е живо коњчето, та какво и да е самарчето, ќе ме носи! — зборува Бојана и ја бели жолтата грчка волнена шамија, продолжувајќи: — На Вилка ѝ „навеза“ Ристе, да му даде господ илјада добрини ! . .. Море, море, море! Со злато не се докупува вој Ристе мој! — почна пак да го фали.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Нано, овде никој не бели... Ќе ти поцрнат дреите!... - ѝ вели тој кратко, суво, повеќе деловно и брза на работа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Жените по колјата, пред крајбрежните куќи, денес некако полесно и повесело ги топеа во водата и ги белеа своите платна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дреите спрострени на жолтото, како килибар песоче, десно од колјата, сигурно се потсушија веќе. Треба да се испрскаат. Водата и сонцето најарно ги белат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нешто топло и мило му се разлеа во душата и тој се сети на песната: „Зора зори, ден се бели“.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Додека тоа им го рсправав на моите домаќини, собата наеднаш се исполни со убавата македонска мелодија „Билјана платно белеше“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Моите париски домаќини, овдешни долгогодишни работници, кои веќе имаа деца што одат на училиште, или се веќе подготвени за тоа, велат дека би сакале нивните деца да го знаат нашиот јазик и нашата историја и дека во нивните домови бараат да имаат катче од убавините на родниот крај и да ја слушаат „Билјана платно белеше...“
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И му заповедаше Ајде сега, Божано, покажи како се бели и како се пудри млада невеста.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И ќе ѝ заповедаше на домаќинката да донесе горојна и ќе го натераше попот српски да се пудри и да се бели - со горојна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ми текна да ја запеам и ,Билјана платно белеше".
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Добро, Билјана си беше чупе на место, бели платно за свекор и свекрва и така натаму.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Затоа што и Билјана додека го белела платното, а Ајше со пирајка ги млатела чергите на река (биле доволно стари и мажени за Климе и Реџеп) со белото месо на натколеницата која била намокрена, на случајниот минувач му била копнеж со години... и сликата на испуканата земја покрај босите нозе никогаш не му исчезнала од главата, а со неа и прашањето: „Кој бил најжеден - земјата исушена, жената распукана како лубеница со раскрачени бутови, или... тој?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)