берберница ж.

берберница (ж.)

И биди спокоен. Ние сме изолирани за нејзиниот електрицитет.“ Зеленото момче престана да штука и да пушта од себе необични мириси на берберница и ефтина кујна.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Порано се бричеше на неколку дена, потпирајќи го огледалото на ѕидот од бараката во дворот за да му гледа подобро или одеше во берберницата за да ги почувствува барем еднаш неделно нежните прсти на фризерката која го бричеше жулкајќи го по лицето за да провери каде треба уште да помине со бричот или по бричењето да го намачка со мирис и помада.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не ќе може да ја помине целата зима во приземјето на музејот каде имаат изградено макета на градот како што бил на почетокот, со пени-бонбони продавницата и 10-пени берберницата и бањи за четврт долар.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ги пречека со зборовите Што се случува таму на станицата? а Корнулов дури тука проговори Нема веќе работни бригади, нема кој плуг да држи, нема кој узда да затегне, нема кој крави да измолзи, нема кој в берберница да стапне, нема кој в кафеана да влезе - селото се преселува на станицата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не ме видоа; од еден пријател, во берберницата во која се бричев, дознав дека имаат и дете, и дека Земанек станал генерален секретар на Партијата, но дека таа партија ги изгубила изборите, и дека политичката моќ им опаднала; сепак, велеше пријателот, Земанек живее одлично како секретар на Партијата, а има и љубовница: некоја млада девојка која многу личела на Луција, кога била млада.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Меѓутоа, тој случај бил повод гемиџиите посериозно да помислат околу персоналот, зашто, бидејќи берберницата се наоѓала во француското маало, во неа почесто наминувале странци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со вработувањето на „Грк“ во берберницата, на турската полиција ѝ се одземал поводот да се посомнева дека дуќанчето би можело да се ползува за потребите на македонските револуционери.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Орце зел под кирија друго дуќанче веднаш до старата берберница. „Бакалин“ и „стопан“ на бакалницата станал Марко Бошнаков од Охрид.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Паричката спокојно, без да ја погледне, Кијмет ја клаваше во џебот на ветвата дреа, слична на долама, висната до под глезните, сетне со умилна благодарност во очите ќе се лизнеше покрај Безистенот, покрај фурната на Боро Калешката, па прудолу покрај берберницата на Ставре и Цветково меанче, низ Еврејското маало за да исчезне во сенките на дворот на црквата Св.Богородица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Томе на Борис Бидџов и некои други што се собираа во берберницата на неговиот роднина, му помогнаа на Танаско да се очисти местото, да се загради и покрие (сите се чудеа ама Танаско пронајде вистински греди за диреци и чатија, штици за под терхатијата на покривот и штици за над терхартијата за патос).
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во пазарен ден, ќепенците на берберницата на Ружди беа секогаш отворени, а внатре седеа по два-тројца селани, сѐ уште со кал од нивјето по гумените опинци и со вратови изгорени и избраздени од сонцето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Гога ги остави двајцата да се разговараат, а самиот влезе в берберница да се бричи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
1. Љубовта на стариот Соколе Кипро се зароди токму овде, пред Боцевата берберница, каде што тој дошетува и сега, рано, во ова септемвриско утро.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И тој беше доста редовен посетител на Боцевата берберница, но еден од оние што со ништо посебно не се истакнуваа, не го привлекуваа вниманието на другите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А вториот веќе и не допрашуваше ами повторуваше Дека сето тоа се само бабини деветини И дека со нова жена нови ќеифови се тераат Особено ако е како оваа еве што оди пред нас И подвртува со газето како пропелерче Во некоја берберница среде тукашните или мексиканските жеги
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Еднаш неговиот сопствен син Арак трчаше осум блока до берберницата каде што татко му ги поткаструваше мустаќите, за да му каже дека куќата им е во пламен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)