бескуќник (м.)
Надвор ѕверски завиваше луто ветриште, номад, бескуќник секогаш поинаков за луѓето и спрема луѓето.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Кога работев како гробар во Финска, полицијата донесе еден бескуќник што го нашала прегазен на улица да го закопаме.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Без објаснување во себе и за себе, темен и тромав, неприродно наведнат над живото петно во мантија, со претчувства барал да ја прочита вистината од челото на заспаниот, најпосле, навистина, куќата горела, некој пуштил од дланка пламната птица врз 'ржениот покрив, Гавруш Пребонд или попот Панделиј Каламарис, и тој станал бескуќник; спиел во тесниот дом на шурата Адам Лесновец, јадел негови компири, благословувал на софра со негово вино и осамен бил: не му треба жена, топло месо под ленена кошула и подвижни мали дињи под кожата на градите, му треба мајка на двете негови деца.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На пленуми и конгреси по име и презиме ги именуваа виновниците и дури тогаш разбравме дека растурници нѐ растурија, луѓе без трошка татковина, без корен и без дамар, бескуќници и арамии нѐ испокрадоа, лажговци нѐ исполажаа, безумници нѐ избезумија, та нѐ иселија и раселија...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)