беспатје (ср.)
Се лутеа ли на оваа зима, натоварена со студ и глад, на нејзиното несопирливо чекорење по беспатјето по кое минуваат само дивите ѕверови - мечката што меко се отфрлува од задните на предните шепи и волците кои веќе неколку дена јурат подавајќи ги црните муцки кон младата волчица? Кој би знаел тоа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Врз дланки - безпатје Брчки ти корен врзуваат.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Нека се зберат сите орли над мојава пепел да вијат ќе ги нахранам за сетно а потем сите беспатја на нивните крилја нека расцутат дива подземна рика нека ги храбри: најхрабриот од вас исколвете го жив на топла крв да ја посадите мојата пепел да заврзе нешто што ќе го поткрене небото горе да има кај да се умре илјадна не стигам!
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Тешко беше качувањето по беспатјето на долот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се лутеа ли на оваа зима, натоварена со студ и глад, на нејзиното несопирливо чекорење по беспатјето по кое минуваат само дивите ѕверови - мечката, која меко се отфрлува од задните на предните шепи, и волците, кои веќе неколку дена јурат подавајќи ги црните муцки кон младата волчица? Кој би го знаел тоа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Така задумани, влегоа во џипот и тргнаа по патот, поточно по беспатјето кое водеше до Ошево, село заборавено и од Бога и од властите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Човекот во расправа со душата
„Душата погледнете ми ја!
Отидов по беспатие!
Не ја слушам!“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)