беспредметен (прид.)
Беспредметно беше, не можеше да се убеди. Мислеше на ножови и на очила.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сега е само беспредметен предмет, сенка на својот подземен полк.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Судот го запозна Китана со оваа и му кажа дека е беспредметно да се врши експертиза, кога трошоците за доказната постапка се поголеми од сумата за која што се води спорот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Така, Бренер одбива да се бави со беспредметно и дискурзивно творештво.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
- Мене ме чудат вашите беспредметни обвинувања, - забележа Паша Емиљевич, кој силно мирисаше на пенливите струи. 178 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сега, конечно, ми стануваше јасно зошто беше беспредметно прашањето дали Татко ќе поднесе приговор до Архивот, па тужба за украдените авторски права за неговите преведени и објавени сиџили.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Ми се чини дека нашата должност е во моментот борбата да ни биде свртена кон таа Европа, која одлучува за судбината на нашиот народ, а потоа борбата со Турците ќе биде дури беспредметна.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И уште нешто што можеби ја објаснува суштината на проблемот и го прави беспредметен овој разговор: јас знаев, а и сега знам, дека ништо нема да потврдат дури и евентуалните надворешни сличности или разлики помеѓу нас двајцата, помеѓу мене и Јана.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
6 По ова, тужителите го повлекоа делот од тужбеното барање во кое наведуваа дека бараат враќање на работа и на поранешното работно место – како беспредметно, што судот само го констатираше со Решение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, ќе мора да се случи и наредниот, завршен настан, со кој сите разговори и целото мое размислување ќе станат беспредметни во однос на црните луѓе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Ова пишување за Андриќ, Булатовиќ и Ковач би било безпредметно, ако на истото не го додадам она што како книжевна полемика го сретнав деновиве во едно од нашите списанија за книжевност и култура.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Меѓутоа, во новонастанатата констелација на силите на Балканот, кога советската армија се наоѓала во Романија, Бугарија и во еден дел на Југославија, британскиот политички врв сметал дека е беспредметно да заговара една таква заедничка федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)