беспримерен (прид.)
Помолча отец Иларион, отпива од виното и продолжи: - Свети Јован Златоуст вели дека душата човечка е дух умен, беспримерна и неописива убавина, самовласна, света, суштина сродна со небеските и бестелесните битија, вечна, бесмртна; слична на бога, зашто го носи ликот на својот Творец. А животните таква душа немаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
“Начинот на кој компјутерот зема мноштво обични нешта и од нив прави необични нешта е идентичен, имам чувство дека цртачкиот импулс, што и да претставува тој, на беспримерен начин ќе се манифестира себе во киберпросторот”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Беспримерното постигнување на телото... во уметноста е визуелизирање на постојано изменливи, меѓусебно признавачки релации на моќ и потреба, внатре во измените на односот субјект/објект.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таа проповеда презир спрема работничката класа, беспримерен во изминатите векови, а ги облекува своите членови во униформи - комбинезони, кои своевремено беа типични за физичките работници и кои токму затоа и беа прифатени.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тогаш, овие планини, ридови, карпи и чуки беа симбол на беспримерна преданост и храброст.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Го следи движењето на големата колона која по беспримерниот и налудничав јуриш со кој е скршен обрачот на противникот, во трчање се растури кон селото Ревани.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)