билборд (м.)
Ми се повраќа од изборни кампањи; од билборди и ситилајти, насликани со исфрустрирани копуци, дибеци и жбитаци, што сакаат да станат некој и нешто; од лопови и преваранти што слободно се шетаат по улица; од доктори–митаџии, цајкани со по два мобилни, учители без етика, лидери со мнооооооогу мали јајценца и гоооооолеми бисаги...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Туку ај по ѓаволите со јаловите сонувачи На кои ене и на билбордите им течат лиги Макар за едно само едно асолно сонче Е нема де нема секој каква што прилега сонувачка мантра Ниту му прилега на секој сон Да се вее како знаме на јарболот Пред палатата на вечните сонови Што се однесува до мене Си знам дека од пишаното не се бега Па стига ми е и сонувалникот
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Во серијата на билборди, плакати и банери поставени во јавни простори во внатрешноста на низа градови во Европа и Јужна Америка кои го сочинуваат проектот „Алтернативна економија, алтернативни општества“, Реслер ги користи средствата за надворешно рекламирање за претставување на алтернативи на постоечкиот општествен и економски систем.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Почнувајќи од 1971 година, со Случајни минувачи кои ги сретнав во 13:15, 16:23 и 18:11 во Загреб, што се состои од серија фотографии на минувачи снимени во наведените времиња, зголемени на 2x3м и закачени на централната фасада од главниот плоштад во Загреб, Димитријевиќ изложува џиновски фото-портрети на непознати лица кои ги сретнал случајно, на јавни места и во формат што обично се поврзува со рекламирањето и политичката иконографија - како билборди, на автобуси, во метроа, на фасади од згради, итн.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Еден од најчестите видови прописи во светот насочени кон подобрување на визуелното опкружување е регулативата за зонирање со којашто се ограничува употребата на надворешни знаци и билборди.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Казните не се само парични туку и затворски, му се закани Шајчевска на Метакот, кој изјави дека изгледа ко шведска порно глумица од шеесетите на нејзиниот предизборен билборд.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ја видов дури и безбојноста на воздухот, како што на првиот билборд лесно ја препознав лажната насмевка која ќе ни ја упропасти иднината.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Лизга како кајрон на рекламен билборд. Чини повеќе отколку што вреди.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Човекот едноставно закупи билборди каде што се рекламираше новата национална социјална мрежа, фрли големи пари за реклама на телевизија и мрсно им плати на неколку актерки и манекенки да го исклучат својот фејсбук профил и јавно да декларираат дека онлајн животот ќе им продолжи на Моето маало.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Секој газ си го знае својот фактор, како што се гледа на еден билдборд.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)