бисер (м.)
Крена глава стара баба, крена, сја опули, а из очи с'лзи капат, роњат сја как бисер.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Твои думи, јадна бабо, тврдо ја запомних, помнам тија жешки с'лзи, јадри като бисер.
„Крвава кошула“
од Рајко Жинзифов
(1870)
Дувка ветер и шумолат гранки, пуплат дрвја, цутат сливи ранки, орач в ниви бисер семе сее, бисер сее мила песна пее: „Мина, горо, млад Делчев војвода!“
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Со мака држејќи ги клепките над очи, како да се бори со тежок сон, Ване тивко изрецитира своја песна за девојка што во љубовен занес цела ноќ одела и плачела а од секоја нејзина солза на земјата останувал по еден бисер.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Меурите на прозрачниот бисер имаат зелени зеници.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
3. немир Но веднаш доаѓа нешто што личи на превез од плач оти е многу густа поплавата од изневерени спомени па долго треба да рониш додека се уловиш себеси – шкољко од премногу лажни и премногу ретки бисери Оти е голем тој град со огромни риби од улици што безредно пловат по немирното езеро од сонце во кое лесно би можел и безразложно да се изгубиш
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Од карање нема да ти се урне бисерот!... - Го советуваше башмајсторот Аргир.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ѝ заблескаа, како бисери во паметта, и сите денови и ноќи поминати заедно со Крстан и тоа ја занесуваше како сон по голем умор.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Фанатички веруваше пашата и неуморно ги тераше слугите, да купуваат уште поскапи свили, бисери и сешто најубаво што имаше на пазарите од Охрид до Солун...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Само да знаеше, само малку да знаеше како ми е потребно да ме оставиш да тонам во ова мирно блато... таму на дното има бисери. Остави ме да слезам кај бисерите.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Кога Султана се наведна над лулката, виде во устата на Гоцета бело како бисер запче.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Низ воздухот трепереше летна омарнина, По пожолтените ниви, млади жетвари жнееја бела како бисер пченица.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Поминале неколку години... Еден ден, кога бродот стигнал на островот Бисерна Школка, по бисери, луѓето на бродот мошне се изненадиле: кај нив дошол еден човек обрастен со долга коса и брада, ослабен, вистински див човек.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Гласно и говорнички почнува: „Си била една трговска дружина која со својот брод постојано крстосувала по бескрајниот океан и одела од остров до остров за да купува бисери.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Коските на долапот растурени како стари гробишта лежат измешани со сенката на оној што некогаш ги створи ги нема бисерите ѕвездени во водите да тежат ни утрото по класјето и ридјето да гори.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
- Славејче мило, слаткопојно твојот глас е бисер зора кога руди, Ела, песната твоја сакам наутро да ме буди!
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Челото се грчи во брчки и го оросуваат ситни бисери пот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во првите зраци на младото сонце одблеснуваат бисери. Прекршен, наведнат синчец рони солзи роса.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Врз танките сребрени конци блескаат бисери роса.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Редовно балканските книжевности ни овозможуваат да откриеме вистински бисери.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)