благост (ж.)
Видох што око човеческо не видело и чух што ухо не чуло, и не е кабил да се искаже, ни на сердце некому от живите на земјата не му дошло таква благост и сладост.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Потоа ја вадев сликата од под откованите штици на подот и со часови ја гледав: татковски насмевнато лице со неколку дупченца од сипаница, благост и мудрост во очите, пророчки брчки што само се претчувствуваат на загатливото чело.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Благост е да ги има човек сите на дланка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ване не беше силник и јас уживав во неговата благост.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сите имаа спокојни лица, беа озарени со некоја благост.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ја сфати неговата благост и ја заниша главата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ништо: како неумитни судии, како прекор, како каење - нежната добрина и благост во нејзините очи, појасни и помили од секој друг пат - се испречија пред него, му ја заматија свеста, му го зголемија неспокојството.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во водлестите агли на неговите, инаку секогаш малку собрани и потсмешливи очи, се собираше благост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нешто чудно се случуваше со него, некаква питомина и благост се влеваа во неговото срце.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
За многу нешта што сум ги постигнал во животот сум им благодарен на сите мои учители, За многу благости што се сочувале во мојата душа, благодарен сум им на своите учители.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Алах да Ви ја умножи благоста, највисокодостоен, рече Софроние и зашто мислеше дека приемот е веќе завршен, направи движење кое ја потскажа неговата намера - дека е готов да си отиде.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ноќта ѕвездена, денот темен, Темното денот го слави, Со пожари и поплави; Со таги, врз плаштот земен На кој се накотиле и сплотиле Болки и рани, неразбрани Поети, мислители, исцелители Врз, тајните на животот задумани, Склупчени среде денот темен, Заборавени, во тага оставени Под небото ѕвездено-извезено Од знајби, мисли и умности За да редат убости молитвени Со кротка благост изустени.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Со благост на човек меѓу коњи и со коњи израснат, со наслада наслушувајќи го жуберкањето на чешмата, Татарот го одвлекол белиот Лебед кон коритото.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Повелете, седнете, - ја покани наставничката со благост во гласот.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Луѓето носеа со себе и икончиња со ликот на свети Наум што ги купија да го имаат постојано светецот дома, пред очи, неговото намачено и испиено лице со големи сини очи во чија што длабина, како во езерско дно, се крие мудрост, благост, добрина, човекољубост; неговата поткрената рака што благословува и чудотвори.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Големиот препород на денот ги вратил луѓето во благост на обичен живот во кој сепак можела да се споменува Јоакимовата Повест ради страшнаго и втораго пришествија Христова.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лузната на лицето, и затоплена од пролетна благост, не се ослободувала од модрите зимски апежи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со благост ме фати за мишка, можеби сакаше со допир да ми докаже.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
За да ги оттргне од себе нашите приковани погледи и за да ја смали напнатоста, со неприродна благост, прв ни се обрати: – Што сте се уплашиле толку, деца?
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ни секунда благост.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)