блажен (прид.)
Блажена да е твојата пресвета душа што ја излекува мојава душа од струпјето на гревот и всади разум во нашите срца со духовни зборови.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
Блажена да е твојата златозрачна утроба од која му истече на мојот народ животворна вода одозгора дојдена со твоите молитви.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
Блажени да се твоите богодвижни прсти, тие му ја напишаа на мојот народ слободата од гревното иго.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“
од Климент Охридски
(1754)
И блажени нека се твоите гради сѐ довек што го охраниле така.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
И со една блажена насмевка процеди преку заби: — Море ми, какво е тоа кучило волку шо ме шмачи, сестрице Митро, дете или чупе — чумата да го вркне?!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Никогаш никој не ќе знае дека еден капетан блажено почива овде.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во погледот што полека му гасне последни искри: радост. Тивка, блажена. Дочека...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога ја прегрнував и бакнував ме обземаше чувство, кое не можам да го искажам, но кое би можело да се спореди со блаженото чувство на оние верници кои ја имале среќата да го видат и да му ги целиваат нозете и рацете на својот бог.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Панде премале од возбуда. „Таа е...“ - го обзеде неискажливо блажено чувство.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Стариот вагон со будно срце го слушаше дишењето на двете уморни деца, бдееше над нивниот сон и блажено шепотеше: - Јас, јас ними сум им дом! Има ли поубаво од тоа!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Еден момент потоа рашири блажена насмевка. Го крена погледот кон Србина.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Го свитка писмото, го стави во пазувите, па среќен и блажен замина угоре, кон Заветна.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Од сите куќи најмногу ветеринарот Скрез ја посетуваше куќата на Цанул и најмногу својот бик го спаруваше со неговата крава; влегуваше ветеринарот Скрез со жена му на Цанул, Цанулица, во ќералот кај кравата, и додека кравата блажено подмукнуваше под бикот, блажено подофнуваше и Цанулица потфатена од ветеринарот Скрез.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Во блаженом успением вечниј покој подажд, господи, усопшују рабу твоеј Велика и сотвори еј вечнују памјат...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кратка, но каква блажена е тишината кога престануваат лелеците, кога од пред окото се тргнува грозотијата на смртта и кога на небото светнува некоја ѕвездичка, кога одвај успеваш да го доловиш тивкиот морски бран.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Од милност срцето ми се отклопи Се отвори, се смири, се истопи Во тага блажена и почна да свети Низ молитви, псалми и сонети Меѓу ангелите засонети Во небото засолнети.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Во тој момент погледот ми отиде налво од таа нејзина Блажена Девица Марија, кон една стара фотографија.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Бабата се растревожи, ги забирша очите со крајот од шамијата, се сврте кон необичната слика со жена и децата под која гореше малото оганче, се прекрсти три пати и тивко изговори: - Блажена Девице Маријо, сполај ти, и тебе, и на Господа, за сите добрини што ни ги праќате на Земјава.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Игуменот им го покажа и гробот на св. Наум и им рече: - Закопан е пред илјада години, а срцето сѐ уште му чука... - се наведна, го залепи ушето на плочата од гробот, постоја така вслушнувајќи се; полковниците заинтересирано го гледаа игуменот, кој, станувајќи, оддавеше со лицето блаженост и задоволство што го чул живиот отчук на срцето на светецот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Не го нашол одговорот од кој сиот ќе се озарел од блажен мир на човек што узнал со какво умеење ќе ги зачува луѓето до нивниот определен крај.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)