близина ж.

близина (ж.)

МАНОИЛ: Борбата започнува денеска? (Се слушаат неколку истрели и во близина и од подалеку...
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Неда веќе не можеше да го гледа Крстета, не можеше да го слуша, не можеше да ја поднесува неговата близина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тука, во близина, отаден рекичката, се извиваше танка, трага на чад.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Овде во близината на гробиштата живее Август Рицман, пропаднатиот кловн. Кај него ќе појдам.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Еден од макроите, стопанин на ова бело робје, на овие сексуални автомати што им носат печалба, се најде во близина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во неговата близина нема никого. Куќите трепетат како да се испаруваат. Проѕирните неонски светилки со безбројно шарени зраци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во близината пак исписка овчарчето...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Да ми беше хашишот овде во оваа близина до слободата, во оваа оддалеченост од луѓето!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега наеднаш, далеку од секаква помисла, неговиот поглед веќе не беше во состојба да се оддели од тоа малечко живинче во неговата близина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тука, крај него, во неговата близина, имаше уште некого, тој просто го сети неговиот здив и неговата зачекореност, еден ужасен впечаток за нечие непожелно присуство, сè додека не беше во состојба да ги вкопа петиците во двете вдлабнатинки, што успеа да ги направи за тоа во тврдиот снег, и добро да погледне нагоре, кон стените, до кои не успеа да допојде во ранината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Или пак, ако мораа и да заноќат, тогаш тука во неговата близина, сега ќе постоеше некој друг, кому би можел да му речеш нешто секој миг; кому, ако ништо друго, би можел барем да му помогнеш, а тој, ако не со збор, тогаш барем со некое движење, со некое одмавнување, би можел да ти одговори, или барем да ти даде знак дека те чул.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во близина пискаа локомотиви, татнеа вагони, се креваа пареа и чад...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Повремено, кога неговата глава како црна точка ќе се издигнеше над површината на морето, до брегот допираа неговите морничави довикувања: - Помош! Помош, луѓе!... Во близина немаше ниту едно кајче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го пронајдоа во близината на мравјалникот, пикнат под еден сув лист.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Добитокот се вознемири уште повеќе. Кучето подивено залаја. Тоа ги раздразни волците. Близината на пленот ги повлече напред.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Според звукот оцени дека завивањето доаѓа некаде откај врвот на Гола Глава, некаде во близината на дедо Ивановата колиба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не, не се плашеше дека волците веќе се во близина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На судот ја ислушаа фирмата, нѐ ислушаа сите работници што работевме на зградата, и почна расправијата: едно судење, две, три; едни тврдеа едно, други друго; главниот сведок што бил во близината на Ѓеро, на последното судење ја сврте работата изјави дека Ѓеро бил крив; скокна Анастас во судницата, свика: нема човештина, нема совест, за пара и душите си ги продаваме и во лутината му удри шлаканица на главниот сведок; настана расправија и Анастас го осудија на три месеци затвор; издржа еден месец и го пуштија бидејќи плати глоба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Еден човек, кој носел во кофа вода од чешмата до еден гроб, веројатно, за да го измие, или да ги полее цвеќињата, него го прашала: - Простете, случајно да не сте чуле, да не е закопана тука во близина жена што загина во земјотресот, а работеше во банката, - и го кажала нејзиното име и презиме.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Животот по 40 години Во близината на Атомиумот е сместен павилјонот „Животот во 2.000-та година“, режиран од Белгијанците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе