блискост ж.

блискост (ж.)

Таа блискост на едно наречје се пројавува, од една страна, кон сите други македонски наречја во општите фонетски или звуковни, морфолошки или формени и лексички или зборовни особини; од друга страна, секое наречје е најблиско до неговите соседни наречја, имајќи со нив општи особини што се немаат во пооддалечените од него други наречја, и тоа западниот дел од наречјето е поблиско до неговиот западен сосед и со него тукуречи се слеваат, источниот до источниот итн. и така наречјата како да се врзани едно со друго како колцата во еден синџир.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Зашто ова попладне има прсти од блискост од свое в месо да ти се вовлече капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си. И не стој се искачи рекава го мина брегов ќе плисне врз тебе ти трчај да не те стигне сево попладне зад себе што го оставаш дур не го изгасне. Трчај гори попладнево.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Има ова попладне прсти од блискост од свое. В месо да ти се вовлече и да молчи тешко и изморено, капнато да се протега под кожа во коски во сѐ што си и што не си.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
- Блискоста со вас ... заправо со тебе, ми дава спокој. И само тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сфатете што значи тоа за вас: растете, закрепнувате и сѐ повеќе, од ден на ден, созревате и ја зацврстувате блискоста меѓу вас, другарството. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Низ целото писмо бликаше страсна благодарност и блискост која Мајсторот никогаш не ја беше сретнал кај своите ученици.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ја почувствува блискоста. Меката блискост на тајната на Сребреното езеро.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И таа, со својата несигурна насмевка, со секој шепот подалеку од мене, по нечујна во постелата, го чувствува губењето на блискоста со собата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа не е само миротворно лице туку е и лице на соживот, на блискост, на почитување на другиот, на пријателствата меѓу луѓето од различно етничко потекло.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓутоа, она што останува типично за Балканот, е тоа дека, по блискоста и соживотот меѓу луѓето, може да се случи најдобриот да стане најлош.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Живеејќи отсекогаш во блискост со големите француски писатели чии дела ќе им ги открива на своите студенти во Скопје, пред да стане амбасадор на својата земја во Париз, Старова ќе ја наследи и традицијата на убавото пишување: настојчивост и строгост во функција на смислата од каде што ќе се роди, како искра меѓу два силекса светлината...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неговото изненадување тогаш не било предизвикано од егзотичноста на книгата туку од нејзината блискост.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Мноштво од тие цртички е составено врз основа на критериумот на тематска сличност или стилска блискост; некаде се следи и хронолошкиот редослед на настаните или на настанувањето на „отпечатоците на хартијата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Брадата го открива карактерот кај човекот: оној што ја пушта брадата да му расте слободно, природно, диво, без да ја дотерува и обликува - има нешто уметничко во себе, повеќе го обликува духот отколку брадата; оној, пак, што ја потскаструва брадата, што ја дотерува, негува и обликува - ја искажува својата префинетост, нежност, желба за блискост и допадливост; оној што ѝ дава форма на брадата во вид на трака што му врви преку вилицата и се спојува со зулуфите - сака да е упадлив, да обрне внимание на себе; оној што ја бричи брадата само на врвот од вилицата оставајќи ја гола како јајце и надевајќи ѝ на брадата од образите да се спои, прекинувајќи ја како прекинат мост - тој ја искажува својата затвореност, потиштеност, нерешителност, колебливост; оној што ја пушта брадата да му расте само на врвот од вилицата спојувајќи ја со мустаќите, ја изразува својата ученост и љубопитност кон сѐ, полн е со енергија и сигурност во себе; оној што ја остава брадата да му расте во вид на шилец или ластовичино крилце спуштајќи ја накај гушата - пргав е и склон кон брзање: брза и во мислите и во постапките; оној што носи порабена „шпанска брада“, полн е со искушенија и желби за доживувања, за авантури, за весел и безгрижен живот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во боди-артот примарно е чувството на топлина или студ - чувството на блискост или одвоеност на телата, посебно на сопственото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За вистинската обострана искрена блискост сигурно треба време.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ваквото чудо е можно единствено поради блискоста меѓу јазикот со кој било напишано пронајденото Евангелие и јазикот што го говорел Константин, така што не држат многу претпоставките за готскиот, сирискиот, коптскиот, а уште помалку за некој од скандинавските јазици на тоа Евангелие.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој ѝ раскажа за необичната блискост што постоеше, или изгледаше дека постои, меѓу него и О'Брајан и за поривот што му се јавуваше понекогаш едноставно да му пријде на О'Брајан, да му соопшти дека тој е непријател на Партијата и да побара помош од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Знам.... и овде за некои тамошни кажуваат дека нема голема блискост на родителите со децата... Кога ќе пораснат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Уште од првите денови му беше јасно дека меѓу нив двете никогаш нема да се создаде никаква блискост. Дури ни пријателство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Повеќе