брлог м.

брлог (м.)

Ќе работиш, и ќе лусниш! Сака да се измете брлогот, да се испере, да се стори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Превртената земја мириса на некаков брлог од бозје и скапани лисја и миризбата те потсетува на одамна неотворен клед со скиселено комиње.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лежиме изранети и чекаме за потаму. На брлог крпи и слама, сламарици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чана ја седна својата голема и стројна снага во брлогот под недобро затнатиот прозорец и од долната страна на разапнатата куверта влегува чиста бела светлина.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Петра ѝ блазеше на Чана што го открила ова брложе каде таа ќе може да ги доварди дечињава додека не дојде нејзиниот закрилник Костадин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Риса и Тронда се протуркаа низ проретчениот круг и без многу зборови ѝ помогнаа да го фрлат во вагонот на Чана, во малиот празен брлог до вратата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Двете подрумчиња и онака беа врата до врата, а од другата страна, наспроти вратата за брлозите на Пелагија и Чана, во едно уште помалечко дупче, Танаско времено ја засолна својата голема тајфа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дома, во брлогот за спиење во левиот агол зад вратата се прибираше дури во самата темна ноќ.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)