бродоломец (м.)
Оваа берберница, со изгниено душеме под кое наместа се гледа песокот, со испукан таван откај што се подаваат трските од лепенката, претставува една преживелица од старото време, заедно со овие неколку души што се збираат тука како бродоломци, потсетувајќи се на начинот на својата младост и трудејќи се да го подржуваат колку што можат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Ars poetica
кога го опеваш не го спомнувај
морето, туку кажи делфин
кажи алга, кажи блуз
или
за морепловците, потонатите ’ртови
јодот и струјата зборувај
за солта, нуркачите, светилниците
за галиите, фосилите, коралите
за одронувањата, песокта, реумата
за ритамот
за матката
за бродоломците
за капаците на прозорците, кристалите и
авантурите, морските болести и трговијата
на свила и бело робје
за капетаните последни што умираат
за проститутките кои не се надеваат...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)