ваганка (ж.)
Илко и Трајко се прибраа до софрата. Митра донесе и ваганка со пиперкитуршија, бардак со вода и седна.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Утрото порано Митра веќе беше го обесила месарникот со вода на верушките за да ги измие ваганките, лажиците, тепциите и грнето во кое се вареше петелот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Го зеде тезгерето, еднаш, двапати со мала Ѓурѓа, го исфрлија на буништето на малата врата и се врати, та ги изми сношните ваганки, паници, лажици и тепции и ги нареди во вратките и полицата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Гледаш, вели, ова стравот твој бега преку ваганка.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И, еда, клавање плочите во ваганката со вода, море вриење, клокотење, да му бам мајката, дури и ваганката се покрева и вода префрла преку венче.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Еда, сега земи ја водата, ми вели Маса Ќулумоска и на три места од ваганката ќе направиш крст, ми вели и еда, од сите три места ќе се напиеш, ми вели.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Дај боже дожд, дај боже дожд! домаќинките ги потураа со жито од скутините, од земјени ваганки, од сита, и со вода од ѓумови, од кобли и од грнци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Потоа, двајцата влезени во гробот над главата на стрика Анѓела ставаат барде со вода, на градите поскура завиткана во крпа и земјена ваганка со овоштија, па прикрепувајќи се еден со друг и подземани за рака од другите мажи излегуваат од гробот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)